Моцарела кускус

Се прашувате како да приготвите кускус? Знаете ли дека не се користи само за салати? Можете да користите кускус како еден вид на ситни тестенини и да приготвите вкусна и здрава паста во било кое време. Еве на пример, баш како во овој апсолутно вкусен, здрав и лесен рецепт со кускус и комбинација од лук, …

Здрав тарт со сирење и киноа

Започни го твојот ден со екстра лесен, здрав и вкусен оброк! Основата на овој тарт е мека, но истовремено и крцкава, а филот е едноставно неверојатен! Мора да го пробате!

Здрав овесен оброк со банани и ореви

Здрав овесен оброк со банани и ореви е вкусен начин да го започнете денот! Подгответе го овој појадок за само неколку минути уште од претходната вечер, оставете го да отстои преку ноќ во фрижидер и наутро ќе ве чека нешто слатко за појадок! На здравје!

Филипинска Мунго чорба

Гинисанг Мунго е филипинска пикантна чорба која се прави со грав од мунг, лук, домати и зачини и е неверојатно здрава и вкусна. Бидејќи немав азиски грав од мунг, експериментирав и чорбата ја направив со црвена леќа. Како личност која не е голем обожавател на леќата, можам да кажам дека ова е најдоброто нешто што …

Индиска кујна: Акоори

Дали сте подготвени за вашиот нов викенд појадок или brunch? Ви претставувам Акоори – индиски смецијалитет со зачинети јајца кои се изобилуваат со вкусови. Исполнете го вашиот дом со мирис на неверојатно вкусно индиско јадење!

Македонска кујна: Полнети пиперки

Денес ви претставувам рецепт за јадење кое важи за едно од најомилените кај македонскиот народ. Полнетите пиперки се пред сè здрави, а исто така се лесни за вашиот дигестивен систем. Инструкциите за припрема на ова јадење се многу лесни за следење и верувајте дека доколку го подготвите ова јадење ќе бидете многу горди на себе …

Англиски појадок

Англискиот појадок датира уште од 1300-тите, што го прави едно од најстарите традиционални јадења во англиската историја. Во тоа време појадок од ваков вид се сметал за луксуз и затоа бил консумиран само од страна на најбогатите во општеството. Дозволете си да се чувствувате убаво и започнете го денот со овој извонреден оброк!

Пита од прокељ

Знам колку многу е здрав прокељот, па затоа решив да си купам од него (како што правам со многу други здрави состојки), па дури потоа да смислам идеја како да го зготвам на начин што би создала здрав, а сепак вкусен оброк. Ова е еден од моите експериментални рецепти што се покажа како многу, многу …

Француски тост

Ок, сега и официјално можам да кажам дека нема подобар начин да се започне денот од ден започнат со француски тост за појадок! Прелесен е за подготовка и е неверојатно вкусен!

Македонска кујна: Бакардан или Качамак

За денес ви приготвив еден од најстарите, највкусните и најздравите македонски специјалитети: качамак или бакардан. Ова јадење се приготвува многу лесно, а ќе ви треба само палента (или пченкарно брашно), грчки јогурт, путер, сирење и малку пршута по желба. Пченкарното брашно има многу позитивно влијание на целокупното здравје на човекот, а најважната работа кај ова …

Мароканско пилешко во шафран 🇲🇦

Мароканското пилешко во шафран е неверојатно ароматично јадење, многу лесно за подготовка и ви нуди неверојатни нови вкусови! Историјата на шафранот датира уште пред 3000 години и тој е еден од најскапите зачини што се користат во Ајурведата. Содржи антиоксиданти кои го зајакнуваат имунитетот и има антиинфламаторни и анти-габични својства. Медицинските својства на шафранот се …

Македонска кујна: Сарма

Ви претставувам едно од највкусните македонски јадења: сарма. Во основа се работи за полнети листови од зелка кои се подготвуваат претежно во зима. Бидејќи се подготвува во поголеми количини, сармата обично се јаде неколку дена. Ако можете да одолеете на искушението, послужете ја следниот ден после подготовката, затоа што тогаш има уште подобар вкус! И …

Јајца на путер со праз

Зачинет праз врз путер и сето тоа со неколку јајца … Нема да верувате во неверојатниот вкус на ова јадење. А зошто е здраво? Прочитајте подолу. Празот е одличен извор на витамини А, Ц и К (важен е за превенција при згрутчување на крвта). Исто така содржи минерали како што се железото (што е важно …

Мексиканско Chili Con Carne 🇲🇽

„Chili Con Carne“. Три мали зборови кои опишуваат едно прекрасно јадење. Денес го носам овој мексикански специјалитет директно во вашата кујна! Може да го комбинирате со ориз или да го завиткате во тортилја со малку салата. Во секој случај – ќе го обожавате!

Здрав сендвич со карамелизиран кромид

Имав и други рецепти кои чекаа да бидат споделени со вас пред овој, но едноставно не можев да дочекам да му дојде редот. Овој сендвич е еден од најдобрите оброци за појадок што сум ги подготвила во животот! Јас лично обожавам карамелизиран кромид, но неговата комбинација со останатите состојки е нешто што не можам да …

Тајландско пилешко во сос од кикирики 🇹🇭

Според резултатите од анкетата што вчера ја објавив на story, увидов дека и вие сте добиле желба за некој специјалитет од азиската кујна. Ви претставувам еден извонреден тајландски рецепт, именуван како пилешко во сос од кикирики. Има егзотичен вкус и совршено одговара со прилог од компири или ориз. На здравје!

Македонска кујна: Телешка чорба

Ви го претставувам мојот највкусен мерак во македонската кујна, нејзиното величество: телешка чорба. Ова е совршен оброк, без разлика дали се сервира како појадок или ручек. Најважно е да биде вкусен и да биде сервиран со парче топол леб и макало од лук, затоа што нема подобра и поздрава комбинација од чорба и лукче. Не …

Мексиканска кујна: Енчилади со пилешко во мед и сенф 🇲🇽

Енчиладата е тортиља полна со фил, прелиена со сос и запечена. Енчиладите може да се полнат со разни состојки, вклучувајќи месо, сирење, грав, компир, зеленчук или најразлични комбинации. Сосовите може да варираат од лути како чили и салса, па се до поприлагодени сосови како овој. Јас го обожавам вкусот кој се добива со комбинација на …

Турски Чилбир јајца

Чилбир е всушност турски специјалитет со јајца кој претставува еден многу едноставен, вкусен и хранлив рецепт за појадок. Овој рецепт наликува на стандардниот рецепт за јајца на око, но е проследен со ултра добар турски шмек кој се состои од павлака или грчки јогурт со вкус на лук, како и од путер со вкус на …

Јајца во италијански стил

Ова е само уште еден вид на едноставно приготвени јајца за појадок, кои со мали додатоци лесно добиваат италијански акцент. Какви се при дегустација? Апсолутно вкусни! Се служат на леб со сирење и лук, но имам за вас малку поинтересна, побрза и поздрава верзија без леб, а со истите вкусни состојки 🙂 На здравје!

Руска кујна: Пилешко Строганов

Пилешкото Строганов е едно од моите омилени странски јадења, а сега го прилагодив со здрави состојки и со фантастичен вкус на лешник што го добив експериментирајќи. Превкусно!

Крем леќа со таан

Порано бев цврст поборник против леќата, но знаејќи ги нејзините богати хранливи вредности, решив да вложам напор и да направам неколку експерименти за да дојдам до оброк од леќа што ќе ми се допадне. Го направив сето тоа и верувајте ми дека вредеше! Вака приготвената леќа не само што ми се допаѓа, туку изненадувачки многу …

Македонска кујна: Охридски интегрални ѓевреци со јајца 🇲🇰

Дали некогаш сте пробале интегрални ѓевреци со јајца? Тоа е превкусен појадок кој може да го дегустирате во некој од рестораните во Охрид, додека уживате во глетка со поглед на езеро. Совршено одат со ајвар и традиционалното охридско макало од лук. Можете да користите полуготови интегрални ѓевреци (ги има во поголемите маркети) или да ги …

Паста во крем сос од таан 🇮🇹

Сосот од таан се состои од неколку едноставни состојки – таанот е ѕвезда на овој рецепт. Таанот е богат, кремаст путер направен од мелени сусами, можете да го најдете во секој маркет. Таанот е прилично нискокалоричен и богато со растителни влакна, протеини и неколку важни витамини и минерали. Неверојатно добро оди во комбинација со свеж …

Мексиканска кујна: Jајца во чинија од тортиља 🇲🇽

Ви претставувам нешто многу вкусно! Мексикански појадок со салца (или доматно пире комбинирано со чили зачин), сирење и јајца. Му доаѓа како пикантно топено сирење какво што не сте пробале досега! Најдобро од се’ е што може да си го зачините со интензитет по ваша желба. Се прави во интегрална тортиља која станува превкусна и …

Полнети компири со сино сирење

Обожавам компири во секоја форма и верувале или не, заклучив дека највкусните компири се подготвени на наједноставен начин и тоа за мене е фасцинантно! Имајте го предвид овој здрав оброк за вашиот следен ручек! Комбинирајте ги компирите со зеленчук или пилешки ражничи.

Пилешко Хаваи (со ананас)

Овозможете си ментален одмор на Хаваите додека уживате во ова пилешко маринирано во мешавина од ананас и некои други слатки и зачинети состојки. Вкусете го овој егзотичен деликатес што побрзо!

Лесна лазања со модри патлиџани

Ако барате лесна, вегетаријанска лазања, ова е вистинскиот рецепт за вас. Како што може да претпоставите по насловот, вистинската лазања се заменува со модри патлиџани, ама има и други вкусни состојки во неа. Погледете го рецептот и видете за што зборувам.

Италијанска кујна: Фритата со сирење ??

Фритата е италијанско јадење базирано на јајца, слично на омлет, но приготвено малку поинаку и збогатено со дополнителни состојки како месо, сирење или зеленчук. Мојата фритата е полна со сирење и зеленчук. Многу е лесно да се направи и дефинитивно треба да ја подготвите за доцен појадок во некој викенд 🙂

Појадок: Овесни снегулки со банана и кокос

Денес ви претставувам почеток на серија со најразлични овесни појадоци припремени од претходниот ден или вечер. Поради брзото темпо на живот најчесто немаме време да појадуваме, па поради тоа јас и моите колешки на работа одлучивме во работните денови да си припремаме ваков појадок за следниот работен ден. Си обезбедивме на работа неопходен материјал: овесни …

Француска кујна: Poulet à la Moutarde (Пилешко во сенф) ??

Ви претставувам нов вид на пилешко месо кое се топи во уста и мора да го пробате. Poulet à la Moutarde е рустикален француски оброк којшто се приготвува за кратко време и верувајте дека претставува големо гурманско задоволство за секој љубител на сенф. Пробајте го што поскоро!

Здрава касерола со киноа

Денес ви претставувам еден брз и вкусен оброк, кој може да се користи во било кој ден од денот (појадок, ручек или вечера). Нутритивно богат, а воедно екстра лесен за варење и што е најважно: ултра вкусен. Пробајте ја уште денес оваа касерола, верувајте ќе се изненадите од одличниот вкус.

Појадок со љубов ❤️

Малите ситници го прават животот убав. Не знам колку често правите мали и слатки гестови за вашите најмили, но таа навика е нешто кое го прави животот уникатен, совршен и единствен. Само изберете некој ден, било кој, најобичен ден. Направете појадок полн со љубов за вашиот партнер, родител, брат, сестра, дете, пријател… Направете си појадок …

Шпанска кујна: Паеља со школки ??

Дали некогаш сте слушнале за најпознатото шпанско јадење: Паеља? Го пробав минатата година за време на мојата посета на Барселона, и само едно ќе кажам: има рајски вкус! Веднаш знаев дека морам да го рекреирам во мојот дом. Сите љубители на шпанската паеља што ја пробале низ светот се чини дека се согласуваат околку една …

Интегрална пица со сино сирење

Набавете си дома интегрално брашно, па ќе можете да си го дозволите ова задоволство и до неколку пати месечно. Набавете си и доматно пире или домашна домата, а се останато оставам на вашата фантазија.

Македонска кујна: Запечена тава со ѓувеч и пилешко ??

Уште еден феноменален македонски рецепт кој го научив од мајка ми. Лесeн, едноставен и екстремно вкусен. Имајте го дома мирисот и вкусот на Македонија барем неколку пати месечно.

Интегрални шпагети во крем сос од печурки и рукола ??

Направете го овој кремаст оброк од тестенини со печурки во деновите кога ви треба голема чинија комфор. Печурки, пармезан, бело вино и уште некои други магични компоненти. Превкусно!

Смути од праски во чинија

Ова е еден од моите омилени појадоци, приготвен во вид на кремасто уживање со свежи праски и други здрави состојки. И секогаш оди совршено во комбинација со добра книга.

Медитеранска кујна: Чистени школки во сос од вино и лук

Едноставно ја обожавам морската храна и фактот колку е вкусна, а здрава. Во случајов школките, тие се богати со протеини и имаат минимална количина на маснотии. Тоа значи дека ова е одлична вест за секој којшто е подложен на диета со ограничена калории, бидејќи потврдува дека е можно да уживате во возбудливи и здрави оброци, …

Израелска кујна: Шакшука ??

Шакшука е лесен и здрав појадок (може да биде и ручек) во Израел, а познат е и во другите делови на Блискиот исток и Северна Африка. Тоа е едноставна комбинација на сочни домати, кромид, лук, превкусни зачини и интересно подготвени јајца. Ви гарантирам дека овој рецепт ќе го направите повеќе од еднаш. Покрај што Шакшуката …

Македонска кујна: Традиционални јуфки (интегрални) ??

Јуфките се традиционални македонски тестенини, кои многу македонци ги прават во домашни услови. Иако во последно време можат да се купат и готови, традиционалниот вкус е сепак незаменлив. Јас моите интегрални јуфки ги купив готови, но се традиционално домашно приготвени. За ова јадење нема потреба да вложувате многу труд, јуфките се сварени само за 5 …

Котлети од лосос печени во фолија

Екстра брз и екстра здрав ручек! Што подобро од лосос? Навистина, лососот не евтин да се купи свеж, но замрзнатите котлети од лосос даваат речиси ист ефект во однос на вкусот, а се далеку поевтини. Верувајте, секој залак вреди! А тоа дека ова превкусно јадење се подготвува за 30 минути е сосема друга категорија на …

Македонска кујнa: Зачинета урда со јајца ??

Македонија е едноставно кажано, ризница на ароми и вкусови за гурманите и вљубениците на домашната, добра храна. Овој вкусен оброк бил поставен на трпезата многупати низ моето детство и како таков – обожавам да го правам! Па уште во комбинација со салата од свежи домати и младо кромидче? Совршен појадок!

Пилешко во сос од буковка

Буковката е една од најхранливите и здрави видови на печурки. Содржат минимален број на калории и немаат маснотии. Тие се екстремно корисни за намалување на нивото на холестерол, можат  да влијаат во деактивација на воспаленија и да го зајакнат здравјето на мозокот затоа што се полни со антиоксиданти и безброј на витамини. Што друго да …

Интегрални тестенини Пене Болоњезе ??

Болоњезе сосот, познат кај италијаните како ragù alla bolognese, (или едноставно ragù) е сос од месо, доматно пире и вино и е типичен за градот Болоња, Италија. Погледнете ја оваа 100% здрава варијанта на сосот, во комбинација со вкусни интегрални тестенини.

Здрав и крцкав пилешки нагетс

Овие здрави и крцкави нагетси од пилешко месо се прекриени со крцкав корнфлекс наместо брашно/лебни трошки и наместо да се пржат, тие се печат. Всушност, воопшто не користам масло! Потребни ви се само неколку состојки за да ги направите совршени, заедно со 3 здрави сосови (за кои исто така го споделувам рецептот со вас), па …

Интегрални ѓевреци: Песто Капрезе

Е многу сакам интегрални ѓевречиња, идеални се за појадок и може да ги земете со вас и јадете каде што ќе посакате. За денес ви подготвив превкусна комбинација на овие ѓевреци, а тоа е со песто сос и со мини капрезе салата. Верувајте, многу вкусна комбинација! Ѓевреците може и да ги купите доколку се направени …

Индиска кујна: Кокос Кари ??

Еве еден навистина прекрасен индиски оброк со невообичаена длабочина на вкус, кој сепак се прави со локални зачини. Бидете храбри и пробајте микс од слатко и солено, верувајте, тоа е вкус од сосема нова димензија! Тоа е оброк којшто може убаво се комбинира и со пилешко, но и со зеленчук. Како гарнир, препорачувам варен ориз …

Крем салата со компири

Кремаста, здрава, освежувачка и неверојатно вкусна салата. Од многуте начини на подготовка на компири, овој ми е еден од омилените. Прилог за било кое главно јадење или оброк – салата за ручек или вечера, ваш е изборот како ќе ја наменете.

Рижото Фунги со лук ??

Ова прекрасно кремасто рижото со вкус на лук, путер и печурки, е прекрасен рецепт, кој навистина вреди да се најде на менито во вашиот личен ресторан (читај: дома). Можете да го сервирате или за ручек или за вечера.

Здрав донер (со домашно пита лепче)

Направете си сами дома превкусен донер кебаб, без ни малку грижа на совест. Ви нудам комплетна верзија на здрав донер, оригинален вкус и изглед – со интегрално пита лепче и домашни сосеви. Здравата исхрана никогаш не била повкусна, нели?

Македонска кујна: Тава со спанаќ и ориз ??

Прекрасна, здрава и вкусна македонска тава која е убаво барем еднаш месечно да ја има на трпезата поради тоа што е многу нутритивно богата. Спанаќот може да го комбинирате и со блитва, зелје или коприви (покрај оризот). Многу е лесна и едноставна за правење, а вкусот е прекрасен во комбинација со кисело млеко! На здравје!

Фусили во домашен Песто сос ??

Песто сосот е лесен да се направи затоа што содржи само неколку состојки кои само треба да се спојат. Неговиот свеж вкус е совршено деликатесен, особено кога го комбинираме со свежо рендан пармезан и можеби некое бело вино. Ммм, совршено за ова лето. Песто сосот одговара со извртени тестенини, затоа пред подготовката на сосот, обезбедете …

Руска кујна: Здрава Мимоза салата ??

Руската салата Мимоза за прв пат се појавила во Советскиот Сојуз во раните 1970-ти, а нејзиното име се должи на нежното пролетно цвеќе мимоза. Тоа е поврзано со фактот дека и двете се подеднакво пријатни за окото, односно доминираат со убава светло жолта боја. Денес, практично сите ресторани во Русија гордо ја служат оваа салата, …

Печен ролат од омлет

Овој појадок содржи здрави состојки и има импресивен изглед, па верувам дека ќе посакате да го имате што поскоро на вашата трпеза! Овој ролат е совршен начин да се направи лесен и брз појадок за целото семејство без да останете со часови покрај шпоретот. Исклучително сочен и вкусен, верувам дека овој ролат ќе биде вашиот …

Рецепт на мајка ми: Печена риба

Во текот на моето детство, секогаш уживав во мирисот и вкусот на овој оброк! Ова е еден од највкусните рецепти на мајка ми, па со нејзина дозвола решив да го направам и да го споделам со вас. Дома, секогаш го правевме со крап, но денес го правев со ослиќ поради фактот дека е помалку калоричен …

Јајца со моцарела

Дозволете ми да го претворам појадокот во ваш омилен оброк, како што и треба да биде за да имате здрав живот! Јајцата со својата едноставност и многубројните можности за варијации претставуваат одличен појадок. Јас ќе направам многу вкусни рецепти за појадок со јајца, со детално објаснета постапка за приготвување и со едноставни состојки, така што …

Крем пилешко со рукола

Многу сакам кремасти јадења и многу сум среќна кога ќе направам јадење кое е и кремасто и здраво. 🙂 Ова јадење го создадов спонтано, но излезе многу, многу вкусно! А тоа што е вкусно, мора да се сподели. Дефинитивно ќе го приготвам уште многу пати. Совршено се вклопува со виџис компири или салата како ганир.

Пикантни пилешки ролни со моцарела

Ова е прекрасна експлозија од ароматичен вкус на зачини претворена во крцкав оброк. Ви претставувам пикантни пилешки ролни со моцарела кои ќе ги обожавате. Совршено се вклопуваат со било кој гарнир, без оглед дали е тоа печен зеленчук, компир (рестован компир или виџис компири) или ориз.

Здрав бурек со месо

Бурек или Börek е традиционална турска пита со кори (печена), обично полна со месо или сирење. Јас лично многу сакам бурек со месо и едноставно МОРАВ да пронајдам начин да го направам помалку мрсен и калоричен, а да го задржам истиот вкус! Ја открив тајната и сега ви ја откривам и вам! Бурек кој воопшто …

Македонска мусака ??

Иако во грчките рецепти има најмногу варијации на мусака, а се тврди дека нејзиното потекло е од Турција, поточно од Отоманската империја, за мене постои само оваа македонска мусака. Лесна, кремаста и вкусна. Мојата мусака е поразлична од другите затоа што не ја готвам со млеко, туку со вода. Мора да го пробате овој оброк …

Руски палачинки со сирење ??

Руските палачинки со сирење наречени syrniki станаа мојот најнов омилен појадок, ужина, па дури и десерт. Заљубена сум во нив уште од првиот пат штом ги направив. И тоа ги прилагодив за да добијам здрава варијанта, и пак имаат совршен вкус!  Малку крцкаво однадвор и малку кремасто одвнатре. Мх! Ете идеја што да направите утре …

Крем супа од зеленчук

Кремава и вкусна, оваа супа буквално е течна радост во чинија. На овој блог ќе видите многу различни здрави крем супи, така што ќе имате многу опции за лесна и хранлива вечера. Погледнете го рецептот и воведете ги овие вкусни задоволства во репертораот на вашата дневна исхрана!

Француска кујна: салата Никозија ??

Ви ја претставувам популарната француска салата Никозија. На француски јазик се изговара: ​[niˈswaz], во случај ако ја нарачате во некој ресторан во Франција. И by the way, добар ти е францускиот акцент. 🙂 Тоа е салата којашто потекнува од францускиот град Ница. Традиционално се прави од мали компири, чери или обични домати, тврдо варени јајца, …

Израелска самбуса (здраво пециво) ??

Израелската самбуса (sambusaq – израелска варијанта на калцонето или емпанадата) е печено или пржено тесто кое има триаголна или форма на полумесечина. Рецептот припаѓа на еврејската кујна, а разни рецепти со самбуса се донесени во Израел од еврејските мигранти кои доаѓале од други земји на Блискиот Исток и Африка. Тоа е всушност едно навистина забавно …

Појадок: Омлет мафини

Ако сте дел од фановите кои обожаваат јајца за доручек, тогаш размрдајте ја вашата рутина за појадок со овие мини мафини. Ова е повеќе како 4 во 1 рецепт: 4 типа мафини со јајца за појадок кои можат да ги задоволат сите вкусови! Тие можат да се приготват предвреме и можат да се чуваат и …

Пита со спанаќ и пилешко

Оваа пита е мојот автентичен изум што започна како обид да направам нешто обично од состојките кои ги имав, но излезе како нешто коешто МОРА да го пробате! Оваа пита е многу дигестивно лесна, а лесна е и за правење. Згора на тоа има и фантастичен вкус ! Целата е кремаста и со вкус на …

Здрави шпагети Cacio e Pepe ??

Можеби веќе имате чуено за познатиот италијански сос за тестенини – Cacio е Pepе. Ако не сте чуле, во буквален превод на италијански јазик, cacio e pepe значи „сирење и бибер“. И со тоа сте доста блиску до состојките на овој сос. Обично се прави со многу пармезан и црн пипер, но јас ви ја …

Мексиканска касерола со пилешко ??

Касеролите се всушност најневеројатниот начин да се готви во големи количини и да го погодите сечиј вкус во само една тава. Од нив исто така ќе ви останат превкусни остатоци за следниот ден или два. Ќе основам официјален фан клуб на касероли, и онака членот број еден е веќе тука. 🙂 Да не сака уште …

Пилешко во домашно приготвен слатко-кисел сос

Дозволете ми да ви ја претставам мојата вкусна верзија на едно познато кинеско јадење. Овој рецепт вклучува домашна верзија на популарниот, кинески сладок и кисел сос. Има ист вкус (дури и подобар), и НЕ содржи соја, шеќер и кечап. Со само неколку состојки и 5 минути од вашето време, овој слатко-кисел сос ќе го победи …

Индонезиска кујна: Nasi Kunyit (ориз во куркума) ??

Nasi Kunyit е ориз приготвен со куркума и некои други феноменални состојки. „Kunyit“ е индонезискиот збор за куркума, додека„Nasi“ значи ориз). Овој жолт ориз претставува познато индонезиско јадење кое во тамошните земји се служи за време на разни прослави, свадби и други специјални прилики (замислете, го послужуваат дури и за првата полна месечина на новороденчињата!). …

Зачинет омлет со кисели краставички

Значи навистина го сакам омлетот наутро! Ни ја дава токму онаа количина на енергија која што ќе не движи сè додека не дојде време за ручек. Исто така, се препорачува како појадок особено доколку ви претстои ден исполнет со физички активности. Прочитајте го рецептот за овој вкусен омлет и освежителната салата што оди со него.

Кинеска кујна: Пилешко со зеленчук во вок тава ??

Можеби помислувате на кинеската брза храна кога ќе го слушнете зборот „вок“ и не сте баш далеку од вистината. Разликата е во тоа што таа брза храна не е нездрава како многу други во светот. Напротив, таа содржи и протеини и витамини. Вок тавата е кујнската алатка со којашто ќе направите мешавина од куп прекрасни …

Македонска чорба од леќа ??

Како и другите билки од фамилијата на мешунки, леќата (Lens culinaris) содржи многу белковини. Таа е нутритивно многу богата храна. Покрај тоа, таа е моќно средство за намалување на нивото на холестерол во крвта, а помага и во одржувањето на нивото на шеќерот во крвта. Едно од најздравите македонски јадења е познатата чорба од леќа …

Авганистанско Сиик Кебаб Кари ??

Пред да ве запознаам со ова авганистанско јадење кое ЕДНОСТАВНО МОРА ДА ГО НАПРАВИТЕ, би сакала да споделам со вас нешто за азиската храна. Ќе видите многу азиски јадења на мојот блог бидејќи ги сметам за екстремно вкусни. Особено ја сакам храната кари, сметам дека таа е рајот во светот на храната. 🙂 Тука би …

Здрави киноа ќофтиња

За разлика од пченицата или оризот, киноата е чист протеин. Ги содржи сите осум основни аминокиселини. Таа има признание од страна на Обединетите нации како суперхрана за нејзините здравствени придобивки. Киноата е полна со диетални влакна, фосфор, магнезиум и железо. Исто така, не содржи глутен и многу лесно се вари. Фактите сугерираат дека е близу …

Касерола со месо и зеленчукова база ??

Касеролата е во глобала, секое јадење во тава, подготвено со многубројни состојки. Се смета за француски оброк, но ќе видите многу рецепти за касерола кои ќе потекнуваат лично од мене. Храната во тавата најчесто се пече во рерна и може да се состои од протеини како говедско месо, пилешко месо или риба. За добивање на …

Интегрална пита со праз

За добро утро, замислете пита, штотуку извадена од рерна, крцкава, вкусна и со неодолив мирис! А притоа приготвена здраво, без бело брашно, сол и квасец. Уште да извадиме на маса јогурт и доматче, па денот може совршено да започне!

Медитерански тестенини ??

Рибата (вклучително туната и сардината) е здрава храна која му овозможува на организмот омега-3 масни киселини. Во овој случај ви приготвив тестенини со туна и уште некои интересни состојки. Само една напомена, поради количината на жива во туната, препорачлива доза на туна за еден човечки организам во текот на еден месец е максимум 6 просечни …

Марокански кускус со куркума ??

Кускус е вид тестенина, по потекло од Мароко. Овие ситни топчиња од гриз-брашно се традиционално јадење на северноафричката и медитеранска кујна. Се карактеризираат со жолтеникава боја и се користат како состојка во многу јадења и салати. Имено, кускус претставува одлична замена за ориз. Меѓутоа, една шолја кускус има околу 180 калории, далеку помалку во споредба …

Македонска пита со спанаќ, сирење и интегрално брашно ??

Што сè има во 100 грама спанаќ? Има само 23 калории. Содржи солидна количина растворливи растителни влакна и се препорачува во програмите за намалување на холестеролот во крвта. Има околу 25 проценти од дневните потреби од железо. Има 4 пати повеќе од дневните потреби на витамин К. Витаминот К игра клучна улога во зајакнувањето на …

Мисиркино месо во сенф и рузмарин

Мисиркиното месо има предност над пилешкото месо и во себе содржи 20% помалку калории и 75% помалку масти, а двојно повеќе витамин Б, железо и цинк. Исто така содржи повеќе протеини од други видови месо и е доста вкусно. Во други култури вообичаено се подготвува мисиркиното месо за празници и прослави. Пробајте го овој рецепт …

Македонско традиционално гравче ??

Велат, просто како грав, но не е баш така. Фактот што речиси секој од нас којшто пробал грав на различни места има исто толку различни искуства е доказ за тоа. Искуствата (од многу лоши до одлични) сведочат дека подготовката на вкусен грав баш и не е толку едноставна. Пробајте го овој рецепт за исклучително вкусен …

Сладок компир со сос чили гвакамоле ??

Слатките компири се хранливи, богати со растителни влакна и многу вкусни. Може да се јадат варени, печени или пржени. На пример, следниот рецепт ќе ви овозможи одличен извор на бета-каротин, витамин Ц и калиум. Исто така, со овој оброк ќе внесете и многу други витамини и минерали. Па, што чекаме?

Вегански тестенини со тиквички ??

Најдоброто нешто во врска со тестенините е тоа што е се разновидни и многу вкусни. Подгответе се за стотици рецепти со начини како да направите здрави тестенини во вашата кујна. На пример, веганските тестенини со тиквички кои ви ги прикажувам подолу се нешто за кое ќе зборувате со денови.

Пица со тесто без брашно ??

Желбата за пица не значи дека треба да ги исфрлиме сите здрави навики или намери. Прочитајте го овој рецепт и размислете двапати пред да се јавите во некоја пицерија за испорака. Ќе бидете изненадени колку лесни рецепти имам подготвено за вас, што значи дека ќе имате можност да ги намалите маснотиите и солта и сето …

Интегрална пита со сирење

Кој вели дека интегралната пита треба да биде тврда сув и без вкус? Овој рецепт за 100% интегрална пита го одликува оној пријатен зрнест вкус што сите го сакаме. Тој се добива со совршена површинска крцкавост и неодоливо сочен фил.

Тава со ориз и копани ??

Ако прашате некој странец којшто ја посетил Македонија што би посочил како највпечатлива карактеристика на нашата земја, што би одговорил? Освен гостопримството на луѓето и безбројните природни убавини, тој сигурно нема да ја заобиколи македонската традиционална храна.  Македонската храна е уникатна комбинација на влијанијата на Медитеранот и Блискиот исток и благодарение на сонцето и плодната …

Зачинети јајца на око

Јајцата се одличен избор на храна за појадок. Тие се богат извор на протеини, во чиј состав влегуваат 9 есенцијални аминокиселини. Исто така, треба да знаете дека белката на јајцето не содржи холестерол, а жолчката од јајцето е извор на витамин А, Д и Е. Тие се еден од моите омилени појадоци, и преферирам да …

Индиска Кујна: Гарам Масала Кари со спанаќ и пилешко ??

Индиската кујна е една од најразновидните кујни во светот. Индиски зачини може да набавите во било која продавница за зачини во европските градови, а може да нарачате и online.