Шпанска кујна: Паеља со школки ??

Количина 4 Порции Комплексност:Средна Подготовка: 10 мин. Готвење: 30 мин. Вкупно време 40 мин.

Дали некогаш сте слушнале за најпознатото шпанско јадење: Паеља? Го пробав минатата година за време на мојата посета на Барселона, и само едно ќе кажам: има рајски вкус! Веднаш знаев дека морам да го рекреирам во мојот дом. Сите љубители на шпанската паеља што ја пробале низ светот се чини дека се согласуваат околку една работа: дека сончево жолтото и меко јадење од ориз, кое се служи во шпанските ресторани низ целиот свет, во каква и да е верзија, во комбинација со ракчиња, со месо или со зеленчук, е уникатен специјалитет со ориз и нема ниеден сличен на него. Погуста е од пилав, посува од рижото и е веројатно позадоволувачка и од двете. Родниот град на ова јадење е Валенсија, а истото најчесто се готви и се служи во тава со две странични рачки. Погледнете го рецептот и ве молам, кога ќе одите следно во Шпанија (во било кое место), само седнете во ресторан и побарајте Паеља со школки или некоја друга Паеља со морска храна. Зошто? Затоа што е најдобра!

Состојки

0/11 Состојки
Прилагоди број на порции

Инструкции

0/5 Инструкции
  • Земете едно тенџере и ставете во него исецкан кромид да се пропржи на маслиново масло. Додадете го оризот, зачинете го со сол, мешајте со дрвена лажица и запржете малку за да стане стаклест.
  • Додадете ја шолјата млака вода со растворената коцка супа и измешајте убаво. Намалете ја температурата, покријте со капак и оставете да се готви 10 минути со повремено мешање.
  • Во меѓувреме во тава пропржете ги школките, а потоа додадете им бело вино и оставете ги да се динстаат на ниска температура. На крајот треба да останат школките и малку вино.
  • Во тенџерето со оризот, веќе треба да е делумно сварен и смесата да е делумно густа, така што тука додадете ја хоплата за готвење, додадете ги зачините, промешајте и додадете ги школките заедно со виното во кое се динстаа.
  • Измешајте се, додадете свеж и сецкан босилек за декорација, префрлете ја паељата во огноотпорен сад и ставете ја да се потпече во рерна на 190 степени, 10 минути.