Моцарела кускус

Се прашувате како да приготвите кускус? Знаете ли дека не се користи само за салати? Можете да користите кускус како еден вид на ситни тестенини и да приготвите вкусна и здрава паста во било кое време. Еве на пример, баш како во овој апсолутно вкусен, здрав и лесен рецепт со кускус и комбинација од лук, …

Крцкави Виџис моркови

Веќе го знаете мојот рецепт за виџис компири, па еве уште еден рецепт, малку поинаков, но исто вкусен и крцкав. Секој од вас којшто досега не знаеше како да стане љубител на здравиот морков, еве ја вашата прилика! Направете си само здрави сосчиња за мацкање, на пример со лук и грчки јогурт или мед-сенф сос …

Највкусното пире од карфиол

Овој рецепт е толку лесен и здрав што едноставно ќе го обожавате! Многу го сакам стандардното пире од компири, но не секој го сака, па решив да ви понудам алтернатива. Ова е толку добра алтернатива, што дури и луѓето кои воопшто не сакаат зеленчук ќе ја обожаваат! Вкусот е неверојатен, јас веќе се префлив на …

Ќофтиња од тиквички и компири

Овој рецепт е многу лесен за правење и вклучува само неколку едноставни состојки. Ова е всушност еден од моите омилени начини за подготовка на тиквички! Овие ќофтиња не содржат млеко, а вашите деца ќе ги обожаваат! Верувам дека не треба да ви кажувам колку е здрав зеленчукот за вашата исхрана, а неговите хранливи вредности вака …

Полнети компири со сино сирење

Обожавам компири во секоја форма и верувале или не, заклучив дека највкусните компири се подготвени на наједноставен начин и тоа за мене е фасцинантно! Имајте го предвид овој здрав оброк за вашиот следен ручек! Комбинирајте ги компирите со зеленчук или пилешки ражничи.

Печени компири во пиво

Пивото содржи фолна киселина и не е штетно доколку се пие во мошне умерени количини – напротив, телото има корист од овој тип на киселина. Во случајов јас одлучив да го конзумирам преку храна бидејќи на тој начин не предизвикува надуеност, а и не секој е обожавател на директниот вкус на пиво. Компирите приготвени во …

Крем салата со компири

Кремаста, здрава, освежувачка и неверојатно вкусна салата. Од многуте начини на подготовка на компири, овој ми е еден од омилените. Прилог за било кое главно јадење или оброк – салата за ручек или вечера, ваш е изборот како ќе ја наменете.

Крцкав и печен: Помфрит од сладок компир

Уживајте во овие крцкави слатки компири, печени во рерна, како закуска со омилениот здрав сос или како прилог на некое главно јадење. Имате деца кои не јадат зеленчук? Верувајте ми, тие толку многу ќе ги засакаат овие компирчиња, што нивната кожа ќе блеска од бета-каротен (голем извор на витамин А). Слатките компири исто така се …

Mакедонски рестован компир ??

Ви претставувам уште еден начин за подготовка на превкусни компири, а тоа е добро познатиот македонски рестован компир. Ова е само дел од мојата намера да ве убедам да ја отфрлите навиката за конзумирање на пржен помфрит, така што бидете подготвени, ќе споделам со вас уште многу начини за здрава подготовка на компири. Моја топла …

Индонезиска кујна: Nasi Kunyit (ориз во куркума) ??

Nasi Kunyit е ориз приготвен со куркума и некои други феноменални состојки. „Kunyit“ е индонезискиот збор за куркума, додека„Nasi“ значи ориз). Овој жолт ориз претставува познато индонезиско јадење кое во тамошните земји се служи за време на разни прослави, свадби и други специјални прилики (замислете, го послужуваат дури и за првата полна месечина на новороденчињата!). …

Крцкави виџис компири

Ви ја претставувам причината поради која веќе со години не јадам помфрит. Тоа е затоа што најдов начин да ги приготвувам компирите на многу поздрав начин. Згора на тоа, тие се милион пати покрцкави и повкусни! А внатре меки како леб. Пробајте ги уште утре!

Марокански кускус со куркума ??

Кускус е вид тестенина, по потекло од Мароко. Овие ситни топчиња од гриз-брашно се традиционално јадење на северноафричката и медитеранска кујна. Се карактеризираат со жолтеникава боја и се користат како состојка во многу јадења и салати. Имено, кускус претставува одлична замена за ориз. Меѓутоа, една шолја кускус има околу 180 калории, далеку помалку во споредба …