Сицилијанско песто со сушени домати (песто Росо)

Ова е нешто коешто имав намера да го направам веќе подолго време, па решив да го приготвам пред неколку дена. Вкусот? Уф! Има толку свеж вкус што ме потсетува на лето! Има живописна боја и длабока сицилијанска нота која е резултат на комбинацијата од бадеми, лук, билки и маслиново масло. Може да се сервира со …

Празнична пита со јаболка

Моите новогодишни и божиќни желби за вас оваа година се следниве: срце исполнето со топлина, куќа исполнета со заносен мирис на јаболко и цимет, како и многу здрави јадења со вкус толку добар како вкусот на оваа пита со прелив од карамела ️♥️ Празниците може да започнат! Бидете сите здрави и радосни секој ден!

Крцкави Виџис моркови

Веќе го знаете мојот рецепт за виџис компири, па еве уште еден рецепт, малку поинаков, но исто вкусен и крцкав. Секој од вас којшто досега не знаеше како да стане љубител на здравиот морков, еве ја вашата прилика! Направете си само здрави сосчиња за мацкање, на пример со лук и грчки јогурт или мед-сенф сос …

Здрав пудинг од просо со вкус на ванила

За денес ви приготвив еден ултра вкусен и нутритивен десерт кој ќе го обожавате. Главната состојка за да го направите е просо. Подолу е објаснето се’ што треба да знаете за оваа феноменална состојка. Просото е една од најстарите, но и најздравите житарки. Денес оваа безглутенска житарица се користи за подготовка на различни јадења во …

Здрави Marble колачиња (без печење)

Ви го претставувам мојот најнов експеримент за здрави колачиња, кој излезе како од бајка! Не двоумете се да поминете 15 минути во вашата кујна за да ги направите овие неверојатно лесни, вкусни и здрави задоволства. Не содржат ниту грам шеќер и брашно, а сепак имаат вкус на најдобриот чоколаден десерт што некогаш сте го пробале! …

Домашна гранола со цимет (здрави мусли)

Ајде луѓе! Инспирирајте се да експериментирате со сопствениот појадок и да бидете горди на сите неверојатни работи кои можете да направите со свои две раце и со малку креативност. Овој рецепт за гранола или здрави мусли не содржи шеќер, направен е од целосно хранливи состојки и може да се чува до еден месец во некоја …

Крем леќа со таан

Порано бев цврст поборник против леќата, но знаејќи ги нејзините богати хранливи вредности, решив да вложам напор и да направам неколку експерименти за да дојдам до оброк од леќа што ќе ми се допадне. Го направив сето тоа и верувајте ми дека вредеше! Вака приготвената леќа не само што ми се допаѓа, туку изненадувачки многу …

Вегански десерт со мелени овесни снегулки

Овој пудинг може да го направите и да го јадете како појадок или десерт. Многу е вкусен и освежувачки и верувајте дека би го обожавале сите возрасти! Подгответе го и оставете го да отстои во фрижидер барем 1 час за најдобар вкус. Рецептот за здравиот џем кој се користи како состојка го имате тука.

Здрав џем од праски и џимет

Направете си го веднаш (се прави 20 минути), а потоа експериментирајте и со други овошја за да видите колку убави џемови ќе ви излегуваат, со 0% шеќер, богати со нутритивни вредности и превкусни! Па уште во комбинација со некој путер од јатки или путер од кикирики? Или во overnight oatmeal? Или во мафини? Предобро! на …

Здрав Лимонов Тарт

Ви го претставувам мојот здрав лимонов тарт со неверојатно освежувачки вкус кој зрачи со убавина и со здравје! Рецептот е веќе објавен во списанието ,,Добра Храна” на ,,Убавина и Здравје”, а од денес може да го најдете и овде.

Смути Предизвик Ден 3: Чоко смути

Ви го претставувам моето смути за ДЕН 3 од Смути Предизвикот на Bet You’re Hungry! Ќе го наречам Чоко смути поради кафеавата боја, а и поради одличниот чоколаден вкус. Јас ги користев следниве состојки: блитва, боровинки, банана, праска, ленено семе, бадемово млеко, ванила екстракт и какао. На здравје!

Смути Предизвик Ден 1: Розово смути

Ви го претставувам моето смути за ДЕН 1 од Смути Предизвикот на Bet You’re Hungry! Ќе го наречам розово смути поради прекрасната светла розова боја, а морам да признаам дека многу ми се допадна поради слаткиот вкус и кремастата структура. Згора на тоа ги содржи сите витамини што треба да ги прими една возрасна личност …

Домашно бадемово млеко

Научете како да направите домашно бадемово млеко! Домашното млеко од бадеми е поздраво од многу други опции на млеко купени од продавници (нема никакви хемикалии и е полно со витамини) и се’ што ви треба за да го направите се бадеми, вода, некој природен засладувач (и тоа само ако сакате малку послатко млеко) и блендер. …

Баунти колачи со малини: без печење

Ова е едно од моите последни креации за слатко и здраво задоволство. Брзо, многу лесно и екстремно вкусно! Бев инспирирана од чоколадото Баунти и желбата да направам здрава верзија од него, но во меѓувреме сакав да додадам и свежина од малини. Фeноменален вкус! Се чуваат во обичен фрижидер и се јадат многу брзо 🙂

Печени компири во пиво

Пивото содржи фолна киселина и не е штетно доколку се пие во мошне умерени количини – напротив, телото има корист од овој тип на киселина. Во случајов јас одлучив да го конзумирам преку храна бидејќи на тој начин не предизвикува надуеност, а и не секој е обожавател на директниот вкус на пиво. Компирите приготвени во …

Лесен и незасладен домашен џем од малини

Овој здрав рецепт за мала количина на џем не содржи тон шеќер како што тоа е вообичаено во стандардните џемови и е многу лесен и брз за правење. Вкусот може да варира според личниот избор и она што е при рака од аспект на овошје. Боровинки, јагоди или малини се мојот вообичаен избор за овој …

Крцкав и печен: Помфрит од сладок компир

Уживајте во овие крцкави слатки компири, печени во рерна, како закуска со омилениот здрав сос или како прилог на некое главно јадење. Имате деца кои не јадат зеленчук? Верувајте ми, тие толку многу ќе ги засакаат овие компирчиња, што нивната кожа ќе блеска од бета-каротен (голем извор на витамин А). Слатките компири исто така се …

Тарт од боровинки

Како и да го пресечете, овој здрав тарт од боровинки е совршен летен десерт! Прочитајте го рецептот и научете како да го направите ова неверојатно вкусно и кремасто задоволство.

Слатки оризови галети

Наместо класични колачиња, зошто да не направите брзи галети со ориз? Комбинациите што можете да ги направите со овој вид на здрава храна се бесконечни. Можете да ги користите за појадок, благ или солен, или едноставно како десерт. Оваа опција е особено убава кога станува збор за децата. Покрај тоа што галетите се вкусни, тие …

Шпанска кујна: Гаспачо супа ??

Оваа освежителна шпанска Гаспачо супа е неверојатно лесна за подготовка (15 минути) и е редовен оброк кај шпанските семејства за време на жешките летни денови. Поради таа причина и се служи ладна. Таа е природен извор на витамини (А, Ц и Е), јаглени хидрати, фосфор, железо, калциум и магнезиум. А да не заборавиме дека е …

Здрав ДОРИТОС чипс

Дали некогаш сте замислиле дека ќе имате можност да јадете Доритос чипс, БЕЗ ГРИЖА НА СОВЕСТ, кога и да посакате? Направив 2 експерименти пред да дојдам до овој совршен рецепт за Доритос, но, конечно еве го! Здрав, крцкав и вкусен! Оригиналните Доритос чипсови изобилуваат со маснотии и натриум хлорид – сол (во 12 чипсови има …

Крем супа од зеленчук

Кремава и вкусна, оваа супа буквално е течна радост во чинија. На овој блог ќе видите многу различни здрави крем супи, така што ќе имате многу опции за лесна и хранлива вечера. Погледнете го рецептот и воведете ги овие вкусни задоволства во репертораот на вашата дневна исхрана!

Кафе-Банана Сплит

Ручавте веќе? Епа сега време е за едно брзо и феноменално слатко искуство со прекрасен вкус и изглед. Бидете подготвени, со мене секогаш ќе имате брзи, здрави и вкусни десерти со кои ќе се почестите самите себе, вашето семејство, па дури и неочекуваните гости на врата 🙂 Целосно мој изум, ви го претставувам десертот кафе-банана …

Mакедонски рестован компир ??

Ви претставувам уште еден начин за подготовка на превкусни компири, а тоа е добро познатиот македонски рестован компир. Ова е само дел од мојата намера да ве убедам да ја отфрлите навиката за конзумирање на пржен помфрит, така што бидете подготвени, ќе споделам со вас уште многу начини за здрава подготовка на компири. Моја топла …

Здрави крекери

Сите можеме да се согласиме дека и возрасните, и децата, ама баш сите сакаме да грицкаме крекери! Наутро наместо појадок или за време на филм, не е важно. За среќа за сите нас, ви ја претставувам мојата најнова еурека: најздравите крекери што сте ги пробале досега! Тие се исклучително вкусни, крцкави и лесни за подготовка. …

Македонска чорба од леќа ??

Како и другите билки од фамилијата на мешунки, леќата (Lens culinaris) содржи многу белковини. Таа е нутритивно многу богата храна. Покрај тоа, таа е моќно средство за намалување на нивото на холестерол во крвта, а помага и во одржувањето на нивото на шеќерот во крвта. Едно од најздравите македонски јадења е познатата чорба од леќа …

Здрав пудинг од чоколадо и портокал

Лесен за правење и исклучително вкусен рецепт за десерт којшто треба задолжително да се најде на вашата to-do листа. Имајте во предвид дека исто така е добар за вашето здравје. Направете го и споделете со мене дали ви се допаѓа!

Крцкави виџис компири

Ви ја претставувам причината поради која веќе со години не јадам помфрит. Тоа е затоа што најдов начин да ги приготвувам компирите на многу поздрав начин. Згора на тоа, тие се милион пати покрцкави и повкусни! А внатре меки како леб. Пробајте ги уште утре!

Овесни гранола плочки

Овесните енергетски плочки се здрава и вкусна опција за утрата во кои немаме време да појадуваме. Дополнително, овесот содржи бета глукан влакна, а тие значително помагаат во намалувањето на високото ниво на холестерол. Овој вкусен извор на енергија е совршена опција за започнување со работниот ден!

Чоколадна овесна каша

Овесот е едно од најздравите зрна на земјата. Преку многу научни студии е докажано дека дека овесот и овесната каша имаат многу здравствени придобивки. Некои од нив се намалување на телесна тежина, намалување на нивото на шеќер во крвта и намален ризик од срцеви заболувања. Со ваков оброк сигурно нема да прескокнете ниеден појадок!

Марокански кускус со куркума ??

Кускус е вид тестенина, по потекло од Мароко. Овие ситни топчиња од гриз-брашно се традиционално јадење на северноафричката и медитеранска кујна. Се карактеризираат со жолтеникава боја и се користат како состојка во многу јадења и салати. Имено, кускус претставува одлична замена за ориз. Меѓутоа, една шолја кускус има околу 180 калории, далеку помалку во споредба …

Вегански тестенини со тиквички ??

Најдоброто нешто во врска со тестенините е тоа што е се разновидни и многу вкусни. Подгответе се за стотици рецепти со начини како да направите здрави тестенини во вашата кујна. На пример, веганските тестенини со тиквички кои ви ги прикажувам подолу се нешто за кое ќе зборувате со денови.