Здраво топло чоколадо

Една од причините зошто едвај ги чекам студените месеци се пријатните ноќи кои ги поминуваме покрај домашниот камин, блажено хипнотизирани со топол пијалок во рака. Вечерва се насладуваме на здраво топло чоколадо. Колку убав крај на оваа недела, нели? На здравје!

Зачинет и жежок сок од портокал

Во еден од изминатите денови, јас и моето момче се вративме од планинарење, целите такви среќни и уморни, но и по малку измрзнати, па тој доби една генијална идеја: да проба да направи топол сок од портокал за двајцата штом се вратиме дома, да ни биде слатко, а воедно и што побрзо да се згрееме. …

Лате со вкус на тиква

Дечки, пред неколку дена гледав еден филм во којшто имаше сцена со една девојка која пиеше од популарното кафе лате со вкус на тиква од Starbucks. После првата голтка од кафето таа рече дека тоа е најубавиот есенски вкус што некогаш го пробала. И погодете што? Јас си помислив, ОК, сега морам да направам домашно …

Смути Предизвик Ден 5: Магента смути

Ви го претставувам моето смути за ДЕН 5 од Смути Предизвикот на Bet You’re Hungry! Ќе го наречам Магента смути поради неговата боја, а го сакам поради тоа што внатре има лубеница и еден куп здравје во чаша! Јас ги користев следниве состојки: замрзнат спанаќ, лубеница, боровинки, банана, малини, урми, грчки јогурт, ленено семе и …

Смути Предизвик Ден 4: Жолто смути

Ви го претставувам моето смути за ДЕН 4 од Смути Предизвикот на Bet You’re Hungry! Ќе го наречам Жолто смути поради жолтата боја, а го сакам поради тоа што ме потсетува на лето и сонце! Плус, содржи овошје коешто го имаме токму во овој период. Згора на тоа, има и антиинфламаторно дејство поради куркумата којашто …

Смути Предизвик Ден 3: Чоко смути

Ви го претставувам моето смути за ДЕН 3 од Смути Предизвикот на Bet You’re Hungry! Ќе го наречам Чоко смути поради кафеавата боја, а и поради одличниот чоколаден вкус. Јас ги користев следниве состојки: блитва, боровинки, банана, праска, ленено семе, бадемово млеко, ванила екстракт и какао. На здравје!

Смути Предизвик Ден 2: Зелено смути

Ви го претставувам моето смути за ДЕН 2 од Смути Предизвикот на Bet You’re Hungry! Ќе го наречам зелено смути поради зелената боја, а многу ми се допаѓа поради тоа што знам дека преку него добивам повеќе нутритивни бенефиции отколку што добивам со било кое друго смути. Јас ги користев следниве состојки: замрзнат спанаќ, краставица, …

Смути Предизвик Ден 1: Розово смути

Ви го претставувам моето смути за ДЕН 1 од Смути Предизвикот на Bet You’re Hungry! Ќе го наречам розово смути поради прекрасната светла розова боја, а морам да признаам дека многу ми се допадна поради слаткиот вкус и кремастата структура. Згора на тоа ги содржи сите витамини што треба да ги прими една возрасна личност …

Домашно бадемово млеко

Научете како да направите домашно бадемово млеко! Домашното млеко од бадеми е поздраво од многу други опции на млеко купени од продавници (нема никакви хемикалии и е полно со витамини) и се’ што ви треба за да го направите се бадеми, вода, некој природен засладувач (и тоа само ако сакате малку послатко млеко) и блендер. …

Природен и освежувачки сок од нане и капини

Овој освежувачки и здрав сок од нане и капини е полн со антиоксиданти и е совршено разладувачки за овие жешки денови! Се прави со многу едноставни состојки и има природен вкус кој веднаш ќе ве исполни со енергија. На здравје!

Освежувачко Нохито или безалкохолно Мохито

Популарноста на коктелот Мохито започна со Ернест Хемингвеј за време на неговиот престој во Куба, каде што всушност е и за првпат направено. Се вели дека оригиналното Мохито било користено како медицински пијалок со цел спречување на пневмонија на островот Куба. Мојо е африкански збор за магија, за што сите знаеме дека може да се …

Смути од боровинки и ванила

Доколку сте расположени за природен енергетски пијалок или освежителен појадок, обидете се да направите еден од моите хранливи пијалоци користејќи сезонско овошје или зеленчук. Овој пат, го подготвив овој превкусен пијалок. Ќе добиете течност со текстура помеѓу сок и смути, а ќе добиете и преубава боја. Јас кога го направив го снема за неколку минути, …

Здраво Далгона кафе

Кафето Далгона е актуелен хит на интернет. Изгледа многу кремасто и вкусно, иако е прилично едноставно за правење и го прават луѓе од целиот свет. Тоа е всушност пијалок којшто се прави со соединување на еднакви пропорции на кафе, шеќер и врела вода во вид на пена, а потоа пената се додава во ладно или …

Портокал еспресо

Со зголемување на температурите во пролетниот, сигурно едвај чекате да уживате во вкусно и освежително кафе. Поради тоа, ви препорачувам рецепт за кафе со сок од портокал. Ова кафе е совршено за освежување во топлите денови.