Освежувачко Нохито или безалкохолно Мохито

Количина 2 Порции Комплексност:Лесна Подготовка: 5 мин. Готвење: 5 мин. Вкупно време 10 мин.

Популарноста на коктелот Мохито започна со Ернест Хемингвеј за време на неговиот престој во Куба, каде што всушност е и за првпат направено. Се вели дека оригиналното Мохито било користено како медицински пијалок со цел спречување на пневмонија на островот Куба. Мојо е африкански збор за магија, за што сите знаеме дека може да се случи откако ќе се напиеме неколку Мохита, иако овој пат јас ви нудим здрава магија со безалкохолниот Мохито (Нохито) 🙂 Без разлика на историјата, овој пијалок ја создава денешната историја низ целиот свет. Беше избран на најпопуларен светски коктел во 2013 година и неговата популарност продолжува да расте. На здравје!

Состојки

0/5 Состојки
Прилагоди број на порции

Инструкции

0/4 Инструкции
  • Исцедете половина лимон, кафеав шеќер (мед) и 5-7 листови нане и соединете ги во блендер.
  • Земете 2 чаши, врвот навлажнете им го во вода и ставете ги во кафеав шеќер за да се налепи за нив.
  • Поделете ја блендираната смеса во двете чаши, додадете газирана вода (или Спрајт зеро) и додадете кришки лимон (од останатат половина) и останатите листови нане.
  • Додадете ги коцките мраз, промешајте убаво и послужете.