Здрав ДОРИТОС чипс

Количина 1 Порција Комплексност:Лесна Подготовка: 10 мин. Готвење: 20 мин. Вкупно време 30 мин.

Дали некогаш сте замислиле дека ќе имате можност да јадете Доритос чипс, БЕЗ ГРИЖА НА СОВЕСТ, кога и да посакате? Направив 2 експерименти пред да дојдам до овој совршен рецепт за Доритос, но, конечно еве го! Здрав, крцкав и вкусен! Оригиналните Доритос чипсови изобилуваат со маснотии и натриум хлорид – сол (во 12 чипсови има 8 грама маснотии, 210 милиграми натриум хлорид, шеќер и цели 150 калории!). Па сега замислете што се случува кога еден човек ќе изеде цело пакетче. Во 12 чипсови од ова здраво Доритос задоволство воопшто нема маснотии, нема шеќер и има максимум 40 милиграми натриум хлорид (за еден човек препорачана е максимална доза од 1500 милиграми натриум хлорид во еден ден). Веднаш направете ги овие совршени грицки за вас и вашето семејство! Телото ќе ви биде благодарно.

Состојки

0/6 Состојки
Прилагоди број на порции

Инструкции

0/5 Инструкции
  • Хељдините тортиљи исецкајте ги на триаголници со помош на кујнска ножица (може и обична ножица која ја користите за таа намена). Наједноставниот начин да се исецкаат триаголниците како што е прикажано на фотографиите (земете кујнски ножици и пресечете ја тортиљата во средината во облик на круг, така што ќе добиете еден круг и еден прстен. Кругот поделете го на две половини, а секоја половина на 3 триаголници. Прстенот сецкајте го цик-цак за да добиете триаголници и од него). Можете да сецкате и по 2 тортиљи истовремено ако ви се брза.
  • Исецканите триаголници од тортиљи ставете ги во подлабок сад и во садот додадете маслиново масло. Со рака издвојте ги парчињата едно по едно за да се осигурате дека сите се обложени со масло од двете страни (ова е неопходно за да можат зачините убаво да се залепат на нив). Вадете ги со рака и веднаш враќајте ги во садот.
  • Додадете ги зачините и пармезанот, па убаво промешајте со раце со цел сите состојки убаво да се залепат на триаголниците.
  • Префрлете ги триаголниците во тава за печење обложена со хартија и печете околу 20 минути. Во текот на печењето еднаш извадете ја тавата за да ги одвоите некои од чипсовите кои можеби се залепиле едни со други поради пармезанот. Пробајте еден чипс, ако е доволно крцкав, извадете ги од рерна.
  • Оставете ги да се изладат 10 минути па може да им се нафрлете!

2 Comments

    1. Ги имаше во Тинекс и Веро, ако не ги најдеш можеш да користиш инетeгрална пченична тортиља или тортиља со чиа семе. Поздрав 🙂

Comments are closed.