Лесен и незасладен домашен џем од малини

Количина 1 Порција Комплексност:Лесна Подготовка: 5 мин. Готвење: 25 мин. Вкупно време 30 мин.

Овој здрав рецепт за мала количина на џем не содржи тон шеќер како што тоа е вообичаено во стандардните џемови и е многу лесен и брз за правење. Вкусот може да варира според личниот избор и она што е при рака од аспект на овошје. Боровинки, јагоди или малини се мојот вообичаен избор за овој вид џем, но вие можете да додадете и некој друг вид на овошје! Здравствените придобивки ги има во изобилство.

 

Состојки

0/6 Состојки
Прилагоди број на порции

Инструкции

0/5 Инструкции
  • Во тенџере растопете го кокосовото масло и ставете ги малинките.
  • Гответе ги на средна температура неколку минути па налејте 1/2 шолја вода.
  • Оставете го тенџерето на оган уште 10 минути со постојано мешање.
  • Тргнете го тенџерето од оган, додадете го медот, промешајте, додадете го чиа семето и оставете да отстои околу половина час и да се излади.
  • После тоа, може да го префрлите џемот во тегла. Послужете го врз парче леб претходно премачкано со путер од кикирики како една вкусна варијанта. Наведените количини на состојки се доволни за една просечна тегла со џем.