Здрав овесен оброк со банани и ореви

Здрав овесен оброк со банани и ореви е вкусен начин да го започнете денот! Подгответе го овој појадок за само неколку минути уште од претходната вечер, оставете го да отстои преку ноќ во фрижидер и наутро ќе ве чека нешто слатко за појадок! На здравје!

Домашен Чоко-Ванила пудинг

Потребни ви се само неколку вообичаени состојки со цел оваа здрава експлозија да се случи во вашиот дом. Колку време ви треба за да го направите овој пудинг? Само 10 минути! Верувајте ми дека ќе се заљубите во него! Вашите пријатели исто ќе го засакаат, а вашите деца ќе го обожаваат!

Француски тост

Ок, сега и официјално можам да кажам дека нема подобар начин да се започне денот од ден започнат со француски тост за појадок! Прелесен е за подготовка и е неверојатно вкусен!

Здрави палачинки од овесни снегулки

Ниту една нездрава торта или колаче не може да ми ја разбуди желбата за благо штом можам да си направам ваков здрав десерт дома. Можете ли да верувате дека сите состојки од кои се направени овие палачинки се всушност добри за вашата исхрана? Уверете се и сами!

Празнична пита со јаболка

Моите новогодишни и божиќни желби за вас оваа година се следниве: срце исполнето со топлина, куќа исполнета со заносен мирис на јаболко и цимет, како и многу здрави јадења со вкус толку добар како вкусот на оваа пита со прелив од карамела ️♥️ Празниците може да започнат! Бидете сите здрави и радосни секој ден!

Домашен мус со киви

Ви го претставувам најновиот производ на мојата креативност, едноставен и вкусен десерт што може да се приготви за неколку минути. Потребни ви се само неколку едноставни состојки и процесор за храна (блендер). Уживајте во вашата здрава ужинка!

Здрав пудинг од просо со вкус на ванила

За денес ви приготвив еден ултра вкусен и нутритивен десерт кој ќе го обожавате. Главната состојка за да го направите е просо. Подолу е објаснето се’ што треба да знаете за оваа феноменална состојка. Просото е една од најстарите, но и најздравите житарки. Денес оваа безглутенска житарица се користи за подготовка на различни јадења во …

Здрави Marble колачиња (без печење)

Ви го претставувам мојот најнов експеримент за здрави колачиња, кој излезе како од бајка! Не двоумете се да поминете 15 минути во вашата кујна за да ги направите овие неверојатно лесни, вкусни и здрави задоволства. Не содржат ниту грам шеќер и брашно, а сепак имаат вкус на најдобриот чоколаден десерт што некогаш сте го пробале! …

Здрави TWIX колачиња

Дали може да се сетите на одличниот и крцкав вкус на чоколадите TWIX? Епа јас ги рекреирав за вас во здрава верзија. Ќе почувствувате загарантирана неизмерна среќа со секој залак. И, што е најважно, вашите деца ќе ги обожаваат!

Колач за 2 минути

Ок, ајде да зборуваме за буквално најлесниот колач кој некој досега го направил! Земете ја омилената шолја за кафе или друга мала чинија за печење, и само истурете ја внатре мешавината од состојки. Ставете ја шолјата во микробранова печка во времетраење од 2 минути на висока температура и… Voila! Единствена грижа после тоа ќе ви …

Тикварник со прелив од ванила

Мора да го пробате ова дома, и тоа повеќе од еднаш во периодот што следи. Надвор ладно, дома топло. Шолја какао и тикварник со прелив од ванила. Мх! А, аромата што ќе ја исполнува вашата куќа при печењето на ова чудо !? Тоа едноставно мора да се почувствува. Па што чекаме?

Чоколадни протеински палачинки

Порано никогаш не можев ни да замислам дека овој десерт со неверојатен изглед може да биде здрав. А сепак, ова што го гледате е целосно здраво! Можеме да претвориме сè во здрава храна, само бидете тука со мене и не плашете се да влезете во вашата кујна и да создавате чуда!

Капучино колач без брашно

За денес имаме еден превкусен и лесен колач, со неверојатно сочна внатрешност и арома на којашто ќе се сеќавате со денови. И замислете, не ви треба брашно! Целосно здраво и препорачано за сите љубители на благо, а верувам дека ве има доста. 🙂 И замислете го овој колач во прилог со шолја капучино. Совршено! Нека …

Вегански десерт со мелени овесни снегулки

Овој пудинг може да го направите и да го јадете како појадок или десерт. Многу е вкусен и освежувачки и верувајте дека би го обожавале сите возрасти! Подгответе го и оставете го да отстои во фрижидер барем 1 час за најдобар вкус. Рецептот за здравиот џем кој се користи како состојка го имате тука.

Појадок: 5 едноставни рецепти за овесен појадок

Овие лесни рецепти за овесен појадок (отстојан во текот на ноќта) претставуваат здрави оброци коишто можете да го направите однапред за да имате готов појадок во брзите работни денови. Исто така добро е што со нив може да експериментирате и да им ставате разни додатоци. Ги правите попладне, ги оставате во фрижидер во текот на …

Здрав Лимонов Тарт

Ви го претставувам мојот здрав лимонов тарт со неверојатно освежувачки вкус кој зрачи со убавина и со здравје! Рецептот е веќе објавен во списанието ,,Добра Храна” на ,,Убавина и Здравје”, а од денес може да го најдете и овде.

Шведски здрави ролни со цимет (Kanelbullar) 🇸🇪

Kanelbullar е класика во шведските кафулиња и домови (време на фика – време за пријатели и колеги да споделат шолја кафе и колаче). За време на златното доба на домашното печење во Шведска, ваквите забави се претворија во мини-фабрики за разни пецива и колачи. Оваа традиција и ден денес живее во Шведска. Ако престојувате таму …

Здрави палачинки (2 верзии)

Како би се чувствувале ако ви дадам сладок рецепт за палачинки кој е истовремено и здрав и вкусен? И вие и вашите деца ќе ги обожавате ваквите палачинки! Ви нудам две верзии (и двете испробани и фукционираат совршено), можете да ја направите било која опција што ви се допаѓа во зависност од состојките кои моментално …

Баунти колачи со малини: без печење

Ова е едно од моите последни креации за слатко и здраво задоволство. Брзо, многу лесно и екстремно вкусно! Бев инспирирана од чоколадото Баунти и желбата да направам здрава верзија од него, но во меѓувреме сакав да додадам и свежина од малини. Фeноменален вкус! Се чуваат во обичен фрижидер и се јадат многу брзо 🙂

Салата од лубеница, сирење и нане

Оваа уникатна комбинација може да се користи и како салата и како десерт – но пред сè, таа е совршена за ова лето. Салатата со зрела лубеница во комбинација со сирење и нане во мојов случај е едноставно зачинета со маслиново масло и лимонов сок, и верувајте – има феноменален вкус. Слатко-солена комбинација која ќе …

Здрав и лесен чиз кејк (без печење)

Денес го имам за вас совршениот чизкејк којшто може да го јадете без грижа на совест, направен без брашно и без шеќер! Нискокалоричен, кремаст и апсолутно вкусен! Неверојатна мешавина направена од неколку различни јаткасти плодови, урми, грчки јогурт (грчки јогурт Олимпус во мојот случај), како и мојот претходно објавен лесен и здрав џем како завршен …

Тарт од боровинки

Како и да го пресечете, овој здрав тарт од боровинки е совршен летен десерт! Прочитајте го рецептот и научете како да го направите ова неверојатно вкусно и кремасто задоволство.

Слатки оризови галети

Наместо класични колачиња, зошто да не направите брзи галети со ориз? Комбинациите што можете да ги направите со овој вид на здрава храна се бесконечни. Можете да ги користите за појадок, благ или солен, или едноставно како десерт. Оваа опција е особено убава кога станува збор за децата. Покрај тоа што галетите се вкусни, тие …

Кафе-Банана Сплит

Ручавте веќе? Епа сега време е за едно брзо и феноменално слатко искуство со прекрасен вкус и изглед. Бидете подготвени, со мене секогаш ќе имате брзи, здрави и вкусни десерти со кои ќе се почестите самите себе, вашето семејство, па дури и неочекуваните гости на врата 🙂 Целосно мој изум, ви го претставувам десертот кафе-банана …

Здрава Јафа торта (без печење)

Ви претставувам уште еден од моите вкусни пронајдоци! Во овој случај, здрава Јафа торта со вкус на портокал и чоколадо. Многу е лесна за правење, многу нискокалорична и полна со хранливи состојки. Кој би рекол дека ваквото задоволство може да биде добро за вашето здравје?

Здрави мафини со џем од боровинки

Домашните здрави мафини се многу подобри од било што и да купите од локалната пекара или слаткарница. Ги има од класични и едноставни мафини до специфични мафини полнети со фил. Како и да е, постојат многу варијанти на мафини и ние сите тие ќе ги приготвиме. Прочитајте го рецептот, а потоа изненадете ги вашите најблиски …

Здрав пудинг од чоколадо и портокал

Лесен за правење и исклучително вкусен рецепт за десерт којшто треба задолжително да се најде на вашата to-do листа. Имајте во предвид дека исто така е добар за вашето здравје. Направете го и споделете со мене дали ви се допаѓа!

Чоколадна овесна каша

Овесот е едно од најздравите зрна на земјата. Преку многу научни студии е докажано дека дека овесот и овесната каша имаат многу здравствени придобивки. Некои од нив се намалување на телесна тежина, намалување на нивото на шеќер во крвта и намален ризик од срцеви заболувања. Со ваков оброк сигурно нема да прескокнете ниеден појадок!

Пудинг од чиа и јагоди

Чиа е семе за јадење, кое доаѓа од пустинското растение Salvia hispanica, кое расте во Мексико. Потекнува уште од древните Маи и Ацтеки. „Чиа“ значи сила, и оттогаш овие ситни црни семиња се познати како енергетски засилувачи. Тоа има смисла, бидејќи чиа семињата се полни со здрави омега-3 масни киселини, јаглени хидрати, протеини, растителни влакна, …

Чоколаден мус без чоколадо

Поздрав до сите страствени љубители на чоколадо, знам дека би го јаделе секој ден! Денес за вас имам здрава замена за десерт од чоколадо којашто е екстремно вкусна и едноставна. Дополнително на тоа, може да ја приготвувате во најразлични варијанти додавајќи различни дополнителни состојки.

Интегрална пита со сирење

Кој вели дека интегралната пита треба да биде тврда сув и без вкус? Овој рецепт за 100% интегрална пита го одликува оној пријатен зрнест вкус што сите го сакаме. Тој се добива со совршена површинска крцкавост и неодоливо сочен фил.

Тропска торта (без печење)

Сакате да направите торта, но немате рерна? Или имате рерна, но немате време? Обидете се со некои од моите рецепти за торта од фрижидер, едноставни идеи за торти кои се прават брзо и се совршени за да ги изненадите вашето семејството и пријателите. Станете уметник во правењето торти без печење. Пробајте ја оваа тропска торта.

Чоколадно смути во чинија

Појадок толку вкусен, што едвај ќе чекате да се разбудите наутро доколку ви е на дневен репертоар! Може да се конзумира и како десерт, само со половина количина од наведената за 1 порција.