Авганистанско Сиик Кебаб Кари ??

Количина 4 Порции Комплексност:Средна Подготовка: 20 мин. Готвење: 25 мин. Вкупно време 45 мин.

Пред да ве запознаам со ова авганистанско јадење кое ЕДНОСТАВНО МОРА ДА ГО НАПРАВИТЕ, би сакала да споделам со вас нешто за азиската храна.

Ќе видите многу азиски јадења на мојот блог бидејќи ги сметам за екстремно вкусни. Особено ја сакам храната кари, сметам дека таа е рајот во светот на храната. 🙂 Тука би сакала да појаснам дека јадењето со име кари не значи дека храната содржи кари зачин. Во оригиналните традиционални кујни во Азија, кари едноставно значи дека секое јадење се состои од богато зачинет сос варен со месо и/или зеленчук. Обично се служи со ориз или наан леб како прилог и се подготвува во стотици варијанти.

Кари јадењата имаат дополнителни специфични имиња кои ги појаснуваат на нивните состојки, зачините и методите за готвење. Зачините во кари храната можат да се ставаат во цело зрно или мелени, приготвени или сирови, и често се додаваат во различен период од процесот на готвење. Последното е со цел да се добијат различни резултати во вкусот на храната што се приготвува. Основните зачини во повеќето јадења од кари обично се коријандер, ким и куркума. Пробајте го овој рецепт што е можно поскоро, и видете зошто со нетрпение ќе ги очекувате сите други 🙂

Состојки

0/9 Состојки
Прилагоди број на порции
    Ќофтиња
  • Сос

Инструкции

0/6 Инструкции
    Подготовка на ќофтиња
  • Зачинете го меленото месо со сол и црн бибер, измешајте го, па формирајте мини плескавици. Во средината на секоја плескавица ставете парче моцарела, па врз него ставете уште една мини плескавица и од двете плескавици со моцарела меѓу нив, со кружни движења формирајте ќофте. Направете онолку ќофтиња со моцарела колку што ќе имате месо.
  • Ќофтињата ги ставаме на грил тава со малку маслиново масло и ги пржиме од сите страни. Штом се готови ги тргаме на страна.
  • Подготовка на сос
  • Во друг сад за готвење (најчесто подлабока тава за пржење), го ставаме сецканиот кромид врз маслиново масло и динстаме на среден оган додека целосно не омекне и не стане проѕирен.
  • Го додаваме доматното пире и динстаме на слаб оган 5 минути. Потоа ги додаваме куркумата и сушениот магдонос.
  • Динстаме уште 10 минути, ја додаваме павлаката или хоплата и динстаме уште 5 минути.
  • Во сосот ги додаваме претходно зготвените ќофтиња, ставаме сецкан млад кромид за декорација по желба, и послужуваме со ориз или друг прилог по желба (компир, тестенини).