Израелска самбуса (здраво пециво) ??

Количина 10 Порции Комплексност:Средна Подготовка: 15 мин. Готвење: 35 мин. Вкупно време 50 мин.

Израелската самбуса (sambusaq – израелска варијанта на калцонето или емпанадата) е печено или пржено тесто кое има триаголна или форма на полумесечина. Рецептот припаѓа на еврејската кујна, а разни рецепти со самбуса се донесени во Израел од еврејските мигранти кои доаѓале од други земји на Блискиот Исток и Африка. Тоа е всушност едно навистина забавно јадење затоа што можете да го прилагодите на вашите вкусови и да ги наполнете самбусите со што сакате, а во Израел се најчесто полнети со кромид, месо или зеленчук. Исто така, можете да послужите самбуси како појадок или можеби една како ужина. Денес направив здрава верзија на самбуса (печена, се разбира), и секоја од нив ја направив од кори и ја наполнив со свежа блитва и урда. Ако некој ден одите во Израел, не заборавајте да го пробате овој специјалитет! Во меѓувреме, направете ги дома.

Состојки

0/10 Состојки
Прилагоди број на порции

Инструкции

0/5 Инструкции
  • Блитвата исецкајте ја на парчиња и запржете ја. Додадете урда, сол и кисело млеко. Промешајте и со тоа имате смеса за полнење на самбусите (подготовка 15 минути).
  • Направете смеса од газирана вода, маслиново масло и прашок за пециво за попрскување на корите.
  • Секоја кора попрскајте ја со смесата па превиткајте ја три пати за да добиете долга правоаголна кора. На едниот крај од кората ставете полна лажица од филот па превиткувајте ја на начинот прикажан на втората слика за да на крај добиете триаголници.
  • Триаголниците наредете ги во тава за печење и премачкајте ги со смесата од газирана вода и масло.
  • Печете 15 минути на 180 степени, па извадете и премачкајте со смеса од матени јајца и лажица кисело млеко. Посипете микс од семиња врз самбусите и печете уште 15-20 минути на 190 степени.