Пилешко во домашно приготвен слатко-кисел сос

Количина 4 Порции Комплексност:Лесна Подготовка: 20 мин. Готвење: 20 мин. Вкупно време 40 мин.

Дозволете ми да ви ја претставам мојата вкусна верзија на едно познато кинеско јадење. Овој рецепт вклучува домашна верзија на популарниот, кинески сладок и кисел сос. Има ист вкус (дури и подобар), и НЕ содржи соја, шеќер и кечап. Со само неколку состојки и 5 минути од вашето време, овој слатко-кисел сос ќе го победи секој сос што сте го купиле во продавница. Пробајте го овој рецепт и подгответе го вашиот главен оброк за викендот што следи. Совршено се вклопува со виџис компири или жолт ориз како гарнир.

Состојки

0/8 Состојки
Прилагоди број на порции
    Месо
  • Слатко-кисел сос

Инструкции

0/5 Инструкции
    Месо
  • Исецкајте го пилешкото месо на парчиња со средна величина, зачинете ги со сол и црн бибер па пропржете ги во тава со загреано маслиново масло откако претходно ќе ги извалкате во интегрално брашно.
  • Пржете по 3-4 минути од секоја страна, на секое парче.
  • Слатко-кисел сос
  • Во друга тава ставете сосема малку маслиново масло и запржете го сецканиот лук на среден оган.
  • Намалете ја температурата на готвење, па додадете лажица оцет и промешајте. Потоа додадете лажица мед и повторно промешајте. Повторете ја постапката со остатокот од оцетот и медот. Може да додадете и малку сушен зачин за подобар вкус (босилек, магдонос или оригано) и со тоа сосот е готов.
  • Приготвените парчиња пилешко месо ставете и во сосот да отстојат по неколку секунди од двете страни за да може истиот убаво да се залепи за нив. Потоа едно по едно ставајте ги парчињата во чинија. На крај, кога ќе ги наредите сите парчиња, истурете го остатокот од сосот врз нив. Мои предлози за прилог на ова превкусно јадење се виџис компири или жолт ориз (рецепти за овие прилози може да најдете на сајтот, во категорија прилози).