Мексиканска кујна: Jајца во чинија од тортиља 🇲🇽

Количина 1 Порција Комплексност:Средна Подготовка: 5 мин. Готвење: 30 мин. Вкупно време 35 мин.

Ви претставувам нешто многу вкусно! Мексикански појадок со салца (или доматно пире комбинирано со чили зачин), сирење и јајца. Му доаѓа како пикантно топено сирење какво што не сте пробале досега! Најдобро од се’ е што може да си го зачините со интензитет по ваша желба. Се прави во интегрална тортиља која станува превкусна и крцкава, а вие само си ја кршите дел по дел и си мацкате од сочната внатрешност! Резервирајте си еден ден од претстојниот викенд за овој уникатен појадок.

Состојки

0/8 Состојки
Прилагоди број на порции

Инструкции

0/6 Инструкции
  • Тортиљата стоплете ја 20-30 секунди во микробранова печка за убаво да омекне.
  • Доколку имате калап за средни мафини, можете да го премачкате со малку масло и да ја поставите внатре тортиљата/тортиљите во вид на сад. Доколку немате такви калапи, може да користите како мене керамичка длабока чинија за чорба.
  • Во внатрешноста на садот направен од тортиља ставете едно парче чедар, па доматно пире со чили (или салца), посипете со малку рендана моцарела и врз сето тоа ставете ги претходно изматените јајца. Печете во рерна, 15-20 минути на 190 степени.
  • Извадете го калапот/чинијата со тортиља од рерната, ставете го второто парче чедар, остатокот од ренданата моцарела и сецканата рукола/босилек. Печете уште 15 минути.
  • Штом е готово, посипете со уште малку чили зачини и со тоа појадокот е готов. Доколку го правевте појадокот во калапи, извадете ги тортиљите и ставете ги во чинии за послужување, а доколку го правевте во чинија за чорба, може да послужите директно во самата чинија откако малку ќе се излади.
  • Кршете си од тортиљата и мацкајте си од внатрешноста на овој прекрасен специјалитет!