Филипинска Мунго чорба
Категорија: Вегетаријанска храна, Вечера, Главни јадења, Појадок, Ручек, Супи и чорби
Cuisine: Азиска
Гинисанг Мунго е филипинска пикантна чорба која се прави со грав од мунг, лук, домати и зачини и е неверојатно здрава и вкусна. Бидејќи немав азиски грав од мунг, експериментирав и чорбата ја направив со црвена леќа. Како личност која не е голем обожавател на леќата, можам да кажам дека ова е најдоброто нешто што...
Индиска кујна: Акоори
Категорија: Вегетаријанска храна, Главни јадења, Појадок
Дали сте подготвени за вашиот нов викенд појадок или brunch? Ви претставувам Акоори – индиски смецијалитет со зачинети јајца кои се изобилуваат со вкусови. Исполнете го вашиот дом со мирис на неверојатно вкусно индиско јадење!
Тајландско пилешко во сос од кикирики 🇹🇭
Категорија: Вечера, Главни јадења, Ручек
Cuisine: Азиска
Според резултатите од анкетата што вчера ја објавив на story, увидов дека и вие сте добиле желба за некој специјалитет од азиската кујна. Ви претставувам еден извонреден тајландски рецепт, именуван како пилешко во сос од кикирики. Има егзотичен вкус и совршено одговара со прилог од компири или ориз. На здравје!
Израелска кујна: Шакшука ??
Категорија: Вегетаријанска храна, Главни јадења, Појадок, Разно, Ручек
Cuisine: Азиска
Шакшука е лесен и здрав појадок (може да биде и ручек) во Израел, а познат е и во другите делови на Блискиот исток и Северна Африка. Тоа е едноставна комбинација на сочни домати, кромид, лук, превкусни зачини и интересно подготвени јајца. Ви гарантирам дека овој рецепт ќе го направите повеќе од еднаш. Покрај што Шакшуката...
Индиска кујна: Кокос Кари ??
Категорија: Вечера, Главни јадења, Ручек
Еве еден навистина прекрасен индиски оброк со невообичаена длабочина на вкус, кој сепак се прави со локални зачини. Бидете храбри и пробајте микс од слатко и солено, верувајте, тоа е вкус од сосема нова димензија! Тоа е оброк којшто може убаво се комбинира и со пилешко, но и со зеленчук. Како гарнир, препорачувам варен ориз...
Израелска самбуса (здраво пециво) ??
Категорија: Вегетаријанска храна, Главни јадења, Леб и пецива, Појадок, Ужина
Cuisine: Азиска
Израелската самбуса (sambusaq – израелска варијанта на калцонето или емпанадата) е печено или пржено тесто кое има триаголна или форма на полумесечина. Рецептот припаѓа на еврејската кујна, а разни рецепти со самбуса се донесени во Израел од еврејските мигранти кои доаѓале од други земји на Блискиот Исток и Африка. Тоа е всушност едно навистина забавно...
Пилешко во домашно приготвен слатко-кисел сос
Категорија: Вечера, Главни јадења, Ручек
Cuisine: Азиска
Дозволете ми да ви ја претставам мојата вкусна верзија на едно познато кинеско јадење. Овој рецепт вклучува домашна верзија на популарниот, кинески сладок и кисел сос. Има ист вкус (дури и подобар), и НЕ содржи соја, шеќер и кечап. Со само неколку состојки и 5 минути од вашето време, овој слатко-кисел сос ќе го победи...
Моцарела кускус
Категорија: Вегетаријанска храна, Вечера, Главни јадења, Прилози, Ручек
Cuisine: Африканска
Се прашувате како да приготвите кускус? Знаете ли дека не се користи само за салати? Можете да користите кускус како еден вид на ситни тестенини и да приготвите вкусна и здрава паста во било кое време. Еве на пример, баш како во овој апсолутно вкусен, здрав и лесен рецепт со кускус и комбинација од лук,...
Мароканско пилешко во шафран 🇲🇦
Категорија: Вечера, Главни јадења, Ручек
Cuisine: Африканска
Мароканското пилешко во шафран е неверојатно ароматично јадење, многу лесно за подготовка и ви нуди неверојатни нови вкусови! Историјата на шафранот датира уште пред 3000 години и тој е еден од најскапите зачини што се користат во Ајурведата. Содржи антиоксиданти кои го зајакнуваат имунитетот и има антиинфламаторни и анти-габични својства. Медицинските својства на шафранот се...
Марокански кускус со куркума ??
Категорија: Веганска храна, Вегетаријанска храна, Вечера, Главни јадења, Прилози, Ручек
Cuisine: Африканска
Кускус е вид тестенина, по потекло од Мароко. Овие ситни топчиња од гриз-брашно се традиционално јадење на северноафричката и медитеранска кујна. Се карактеризираат со жолтеникава боја и се користат како состојка во многу јадења и салати. Имено, кускус претставува одлична замена за ориз. Меѓутоа, една шолја кускус има околу 180 калории, далеку помалку во споредба...
Индиска кујна: Акоори
Категорија: Вегетаријанска храна, Главни јадења, Појадок
Дали сте подготвени за вашиот нов викенд појадок или brunch? Ви претставувам Акоори – индиски смецијалитет со зачинети јајца кои се изобилуваат со вкусови. Исполнете го вашиот дом со мирис на неверојатно вкусно индиско јадење!
Индиска кујна: Кокос Кари ??
Категорија: Вечера, Главни јадења, Ручек
Еве еден навистина прекрасен индиски оброк со невообичаена длабочина на вкус, кој сепак се прави со локални зачини. Бидете храбри и пробајте микс од слатко и солено, верувајте, тоа е вкус од сосема нова димензија! Тоа е оброк којшто може убаво се комбинира и со пилешко, но и со зеленчук. Како гарнир, препорачувам варен ориз...
Индиска Кујна: Гарам Масала Кари со спанаќ и пилешко ??
Категорија: Главни јадења, Ручек
Индиската кујна е една од најразновидните кујни во светот. Индиски зачини може да набавите во било која продавница за зачини во европските градови, а може да нарачате и online.
Брза пица од тиквички во тавче
Категорија: Вечера, Главни јадења, Пица и тестенини, Појадок, Ручек
Cuisine: Италијанска
Сицилијанско песто со сушени домати (песто Росо)
Категорија: Веганска храна, Вегетаријанска храна, Намази и сосови
Cuisine: Италијанска
Ова е нешто коешто имав намера да го направам веќе подолго време, па решив да го приготвам пред неколку дена. Вкусот? Уф! Има толку свеж вкус што ме потсетува на лето! Има живописна боја и длабока сицилијанска нота која е резултат на комбинацијата од бадеми, лук, билки и маслиново масло. Може да се сервира со...
Јајца во италијански стил
Категорија: Главни јадења, Појадок
Cuisine: Италијанска
Ова е само уште еден вид на едноставно приготвени јајца за појадок, кои со мали додатоци лесно добиваат италијански акцент. Какви се при дегустација? Апсолутно вкусни! Се служат на леб со сирење и лук, но имам за вас малку поинтересна, побрза и поздрава верзија без леб, а со истите вкусни состојки 🙂 На здравје!
Паста во крем сос од таан 🇮🇹
Категорија: Вечера, Главни јадења, Пица и тестенини, Ручек
Cuisine: Италијанска
Сосот од таан се состои од неколку едноставни состојки – таанот е ѕвезда на овој рецепт. Таанот е богат, кремаст путер направен од мелени сусами, можете да го најдете во секој маркет. Таанот е прилично нискокалоричен и богато со растителни влакна, протеини и неколку важни витамини и минерали. Неверојатно добро оди во комбинација со свеж...
Здрава пица со брашно од овесни снегулки 🇮🇹
Категорија: Вечера, Пица и тестенини, Ручек
Cuisine: Италијанска
Ви ја претставувам мојата пица, чијшто рецепт покрај на мојот блог можете да го најдете и во најновиот број на магазинот ,,Убавина и Здравје”. Направена е со тесто од овесни снегулки која не само што не предизвикува грижа на совест, туку е и препорачана за исхрана поради хранливите состојки кои ги содржи. А згора на...
Италијанска кујна: Фритата со сирење ??
Категорија: Главни јадења, Појадок
Cuisine: Италијанска
Фритата е италијанско јадење базирано на јајца, слично на омлет, но приготвено малку поинаку и збогатено со дополнителни состојки како месо, сирење или зеленчук. Мојата фритата е полна со сирење и зеленчук. Многу е лесно да се направи и дефинитивно треба да ја подготвите за доцен појадок во некој викенд 🙂
Интегрална пица со сино сирење
Категорија: Главни јадења, Пица и тестенини, Ручек
Cuisine: Италијанска
Набавете си дома интегрално брашно, па ќе можете да си го дозволите ова задоволство и до неколку пати месечно. Набавете си и доматно пире или домашна домата, а се останато оставам на вашата фантазија.
Македонска кујна: Полнети пиперки
Категорија: Вечера, Главни јадења, Ручек
Cuisine: Македонска
Денес ви претставувам рецепт за јадење кое важи за едно од најомилените кај македонскиот народ. Полнетите пиперки се пред сè здрави, а исто така се лесни за вашиот дигестивен систем. Инструкциите за припрема на ова јадење се многу лесни за следење и верувајте дека доколку го подготвите ова јадење ќе бидете многу горди на себе...
Македонска кујна: Бакардан или Качамак
Категорија: Вечера, Главни јадења, Појадок, Ручек
Cuisine: Македонска
За денес ви приготвив еден од најстарите, највкусните и најздравите македонски специјалитети: качамак или бакардан. Ова јадење се приготвува многу лесно, а ќе ви треба само палента (или пченкарно брашно), грчки јогурт, путер, сирење и малку пршута по желба. Пченкарното брашно има многу позитивно влијание на целокупното здравје на човекот, а најважната работа кај ова...
Македонска кујна: Сарма
Категорија: Вечера, Главни јадења, Ручек
Cuisine: Македонска
Ви претставувам едно од највкусните македонски јадења: сарма. Во основа се работи за полнети листови од зелка кои се подготвуваат претежно во зима. Бидејќи се подготвува во поголеми количини, сармата обично се јаде неколку дена. Ако можете да одолеете на искушението, послужете ја следниот ден после подготовката, затоа што тогаш има уште подобар вкус! И...
Македонска кујна: Телешка чорба
Категорија: Главни јадења, Појадок, Ручек, Супи и чорби
Cuisine: Македонска
Ви го претставувам мојот највкусен мерак во македонската кујна, нејзиното величество: телешка чорба. Ова е совршен оброк, без разлика дали се сервира како појадок или ручек. Најважно е да биде вкусен и да биде сервиран со парче топол леб и макало од лук, затоа што нема подобра и поздрава комбинација од чорба и лукче. Не...
Македонска кујна: Охридски интегрални ѓевреци со јајца 🇲🇰
Категорија: Вегетаријанска храна, Главни јадења, Леб и пецива, Појадок, Разно
Cuisine: Македонска
Дали некогаш сте пробале интегрални ѓевреци со јајца? Тоа е превкусен појадок кој може да го дегустирате во некој од рестораните во Охрид, додека уживате во глетка со поглед на езеро. Совршено одат со ајвар и традиционалното охридско макало од лук. Можете да користите полуготови интегрални ѓевреци (ги има во поголемите маркети) или да ги...
Македонска кујна: Запечена тава со ѓувеч и пилешко ??
Категорија: Главни јадења, Ручек
Cuisine: Македонска
Уште еден феноменален македонски рецепт кој го научив од мајка ми. Лесeн, едноставен и екстремно вкусен. Имајте го дома мирисот и вкусот на Македонија барем неколку пати месечно.
Македонска кујна: Традиционални јуфки (интегрални) ??
Категорија: Вегетаријанска храна, Главни јадења, Пица и тестенини, Појадок, Разно, Ручек
Cuisine: Македонска
Јуфките се традиционални македонски тестенини, кои многу македонци ги прават во домашни услови. Иако во последно време можат да се купат и готови, традиционалниот вкус е сепак незаменлив. Јас моите интегрални јуфки ги купив готови, но се традиционално домашно приготвени. За ова јадење нема потреба да вложувате многу труд, јуфките се сварени само за 5...
Мексиканско Chili Con Carne 🇲🇽
Категорија: Вечера, Главни јадења, Ручек
Cuisine: Мексиканска
„Chili Con Carne“. Три мали зборови кои опишуваат едно прекрасно јадење. Денес го носам овој мексикански специјалитет директно во вашата кујна! Може да го комбинирате со ориз или да го завиткате во тортилја со малку салата. Во секој случај – ќе го обожавате!
Мексиканска кујна: Енчилади со пилешко во мед и сенф 🇲🇽
Категорија: Главни јадења, Леб и пецива, Ручек
Cuisine: Мексиканска
Енчиладата е тортиља полна со фил, прелиена со сос и запечена. Енчиладите може да се полнат со разни состојки, вклучувајќи месо, сирење, грав, компир, зеленчук или најразлични комбинации. Сосовите може да варираат од лути како чили и салса, па се до поприлагодени сосови како овој. Јас го обожавам вкусот кој се добива со комбинација на...
Мексиканска кујна: Jајца во чинија од тортиља 🇲🇽
Категорија: Вегетаријанска храна, Главни јадења, Појадок, Разно
Cuisine: Мексиканска
Ви претставувам нешто многу вкусно! Мексикански појадок со салца (или доматно пире комбинирано со чили зачин), сирење и јајца. Му доаѓа како пикантно топено сирење какво што не сте пробале досега! Најдобро од се’ е што може да си го зачините со интензитет по ваша желба. Се прави во интегрална тортиља која станува превкусна и...
Мексиканска касерола со пилешко ??
Категорија: Вечера, Главни јадења, Разно, Ручек
Cuisine: Мексиканска
Касеролите се всушност најневеројатниот начин да се готви во големи количини и да го погодите сечиј вкус во само една тава. Од нив исто така ќе ви останат превкусни остатоци за следниот ден или два. Ќе основам официјален фан клуб на касероли, и онака членот број еден е веќе тука. 🙂 Да не сака уште...
Сладок компир со сос чили гвакамоле ??
Категорија: Вегетаријанска храна, Главни јадења, Ручек
Cuisine: Мексиканска
Слатките компири се хранливи, богати со растителни влакна и многу вкусни. Може да се јадат варени, печени или пржени. На пример, следниот рецепт ќе ви овозможи одличен извор на бета-каротин, витамин Ц и калиум. Исто така, со овој оброк ќе внесете и многу други витамини и минерали. Па, што чекаме?
Руска кујна: Пилешко Строганов
Категорија: Вечера, Главни јадења, Ручек
Cuisine: Руска
Пилешкото Строганов е едно од моите омилени странски јадења, а сега го прилагодив со здрави состојки и со фантастичен вкус на лешник што го добив експериментирајќи. Превкусно!
Руска кујна: Здрава Мимоза салата ??
Категорија: Вечера, Главни јадења, Морска храна, Појадок, Разно, Ручек
Cuisine: Руска
Руската салата Мимоза за прв пат се појавила во Советскиот Сојуз во раните 1970-ти, а нејзиното име се должи на нежното пролетно цвеќе мимоза. Тоа е поврзано со фактот дека и двете се подеднакво пријатни за окото, односно доминираат со убава светло жолта боја. Денес, практично сите ресторани во Русија гордо ја служат оваа салата,...
Руски палачинки со сирење ??
Категорија: Вегетаријанска храна, Главни јадења, Леб и пецива, Појадок, Разно, Ужина
Cuisine: Руска
Руските палачинки со сирење наречени syrniki станаа мојот најнов омилен појадок, ужина, па дури и десерт. Заљубена сум во нив уште од првиот пат штом ги направив. И тоа ги прилагодив за да добијам здрава варијанта, и пак имаат совршен вкус! Малку крцкаво однадвор и малку кремасто одвнатре. Мх! Ете идеја што да направите утре...
Француски тост
Категорија: Вегетаријанска храна, Главни јадења, Десерти, Леб и пецива, Појадок, Ужина
Cuisine: Француска
Ок, сега и официјално можам да кажам дека нема подобар начин да се започне денот од ден започнат со француски тост за појадок! Прелесен е за подготовка и е неверојатно вкусен!
Француска кујна: Poulet à la Moutarde (Пилешко во сенф) ??
Категорија: Вечера, Главни јадења, Ручек
Cuisine: Француска
Ви претставувам нов вид на пилешко месо кое се топи во уста и мора да го пробате. Poulet à la Moutarde е рустикален француски оброк којшто се приготвува за кратко време и верувајте дека претставува големо гурманско задоволство за секој љубител на сенф. Пробајте го што поскоро!
Француска кујна: салата Никозија ??
Ви ја претставувам популарната француска салата Никозија. На француски јазик се изговара: [niˈswaz], во случај ако ја нарачате во некој ресторан во Франција. И by the way, добар ти е францускиот акцент. 🙂 Тоа е салата којашто потекнува од францускиот град Ница. Традиционално се прави од мали компири, чери или обични домати, тврдо варени јајца,...
Касерола со месо и зеленчукова база ??
Категорија: Главни јадења, Разно, Ручек
Cuisine: Француска
Касеролата е во глобала, секое јадење во тава, подготвено со многубројни состојки. Се смета за француски оброк, но ќе видите многу рецепти за касерола кои ќе потекнуваат лично од мене. Храната во тавата најчесто се пече во рерна и може да се состои од протеини како говедско месо, пилешко месо или риба. За добивање на...
Шпанска кујна: Паеља со школки ??
Категорија: Вечера, Главни јадења, Морска храна, Ручек
Cuisine: Шпанска
Дали некогаш сте слушнале за најпознатото шпанско јадење: Паеља? Го пробав минатата година за време на мојата посета на Барселона, и само едно ќе кажам: има рајски вкус! Веднаш знаев дека морам да го рекреирам во мојот дом. Сите љубители на шпанската паеља што ја пробале низ светот се чини дека се согласуваат околку една...
Шпанска кујна: Каталонска Ксато салата ??
Ксато е името на сосот по којшто е наречена оваа салата и претставува типичен каталонски деликатес (потекнува од Каталонија, Шпанија). Тоа е сос направен со неколку хранливи состојки, кои споени заедно даваат неверојатен вкус. Сосот најчесто се служи со риба (претежно туна) и маслинки, па затоа кога сето тоа ќе го споиме – ја добиваме...
Шпанска кујна: Гаспачо супа ??
Категорија: Веганска храна, Вегетаријанска храна, Вечера, Ручек, Супи и чорби
Cuisine: Шпанска
Оваа освежителна шпанска Гаспачо супа е неверојатно лесна за подготовка (15 минути) и е редовен оброк кај шпанските семејства за време на жешките летни денови. Поради таа причина и се служи ладна. Таа е природен извор на витамини (А, Ц и Е), јаглени хидрати, фосфор, железо, калциум и магнезиум. А да не заборавиме дека е...