Категорија: Веганска храна, Вегетаријанска храна, Десерти, Појадок
Количина
1 Порција
Комплексност:Лесна
Подготовка: 10 мин.
Готвење:
5 мин.
Вкупно време
15 мин.
Овесот е едно од најздравите зрна на земјата. Преку многу научни студии е докажано дека дека овесот и овесната каша имаат многу здравствени придобивки. Некои од нив се намалување на телесна тежина, намалување на нивото на шеќер во крвта и намален ризик од срцеви заболувања. Со ваков оброк сигурно нема да прескокнете ниеден појадок!
Состојки
Прилагоди број на порции
Инструкции
- Водата и овесните снегулки истурете ги во сад за готвење, варете на висока температура со постојано мешање, сè додека не добиете густа каша од овесни снегулки (околу 5 минути). Пред да зоврие водата, истурете го какаото во кашата и промешајте.
- Тргнете го садот од оган, додадете ги мелените ореви и медот, убаво измешајте и истурете ја смесата во чинија. Декорирајте по желба. Колку добра гаранција за убав почеток на денот, нели?