Чоколадна овесна каша

Овесот е едно од најздравите зрна на земјата. Преку многу научни студии е докажано дека дека овесот и овесната каша имаат многу здравствени придобивки. Некои од нив се намалување на телесна тежина, намалување на нивото на шеќер во крвта и намален ризик од срцеви заболувања. Со ваков оброк сигурно нема да прескокнете ниеден појадок!
Порции: 1 yield(s)
Подготовка: 10 мин.
Готвење: 5 мин.
Вкупно време 15 мин.
Состојки
  • 100 g овесни снегулки
  • 3 tsp какао
  • 1 tbsp мед
  • 30 g мелени ореви
  • 1 чаша вода
Инструкции
  1. Водата и овесните снегулки истурете ги во сад за готвење, варете на висока температура со постојано мешање, сè додека не добиете густа каша од овесни снегулки (околу 5 минути). Пред да зоврие водата, истурете го какаото во кашата и промешајте.
  2. Тргнете го садот од оган, додадете ги мелените ореви и медот, убаво измешајте и истурете ја смесата во чинија. Декорирајте по желба. Колку добра гаранција за убав почеток на денот, нели?