Печени компири во пиво

Количина 6 Порции Комплексност:Лесна Подготовка: 10 мин. Готвење: 1 ч. 20 мин. Вкупно време 1 ч. 30 мин.

Пивото содржи фолна киселина и не е штетно доколку се пие во мошне умерени количини – напротив, телото има корист од овој тип на киселина. Во случајов јас одлучив да го конзумирам преку храна бидејќи на тој начин не предизвикува надуеност, а и не секој е обожавател на директниот вкус на пиво. Компирите приготвени во пиво даваат одличен вкус, пробајте ги па споделете го вашето искуство!

Состојки

0/8 Состојки
Прилагоди број на порции

Инструкции

0/3 Инструкции
  • Компирите измијте ги убаво, излупете ги и исечете ги на парчиња. Ставете ги во еден сад, зачинете ги и додадете ги сенфот и маслиновото масло. Убаво измешајте.
  • Вака подготвените компири ставете ги во тава за печење, прелијте ги со пиво, покријте ги со фолија и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени околу еден час.
  • На крај извадете ја фолијата и допечете ги уште 10-тина минути.