Печени компири во пиво

Пивото содржи фолна киселина и не е штетно доколку се пие во мошне умерени количини - напротив, телото има корист од овој тип на киселина. Во случајов јас одлучив да го конзумирам преку храна бидејќи на тој начин не предизвикува надуеност, а и не секој е обожавател на директниот вкус на пиво. Компирите приготвени во пиво даваат одличен вкус, пробајте ги па споделете го вашето искуство!
Порции: 6 yield(s)
Подготовка: 10 мин.
Готвење: 80 мин.
Вкупно време 90 мин.
Состојки
  • 1 kg компири
  • 2 tbsp сенф
  • 200-250 ml пиво (користете некое пиво коешто не е горчливо многу, на пример Туборг)
  • 1 tbsp маслиново масло
  • 1 tsp сол
  • 1/2 tsp црн бибер
  • 1 tsp црвен пипер
  • 1 tsp оригано
Инструкции
  1. Компирите измијте ги убаво, излупете ги и исечете ги на парчиња. Ставете ги во еден сад, зачинете ги и додадете ги сенфот и маслиновото масло. Убаво измешајте.
  2. Вака подготвените компири ставете ги во тава за печење, прелијте ги со пиво, покријте ги со фолија и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени околу еден час.
  3. На крај извадете ја фолијата и допечете ги уште 10-тина минути.