Домашно бадемово млеко

Количина 1 Порција Комплексност:Лесна Подготовка: 5 мин. Готвење: 10 мин. Вкупно време 15 мин.

Научете како да направите домашно бадемово млеко! Домашното млеко од бадеми е поздраво од многу други опции на млеко купени од продавници (нема никакви хемикалии и е полно со витамини) и се’ што ви треба за да го направите се бадеми, вода, некој природен засладувач (и тоа само ако сакате малку послатко млеко) и блендер. Тоа е тоа!

Состојки

0/4 Состојки
Прилагоди број на порции

Инструкции

0/5 Инструкции
  • Откако бадемите ќе отстојат во вода преку ноќ, исцедете ги и исплакнете ги. Фрлете ја водата во којашто беа потопени.
  • Ставете ги бадемите во вашиот блендер заедно со четири чаши свежа, ладна вода и дополнителните додатоци по желба.
  • Вклучете го блендерот на најголема јачина, пулсирајте 2 минути.
  • Процедете го бадемовото млеко преку вреќа или материјал за цедење млеко или ако имате ситна цедалка (ова е опционална, дополнителна мерка за плакнење на млекото од бадемовата пулпа, но не е неопходна мерка. Млекото е совршено и без овој чекор).
  • Истурете го бадемовото млеко во шише со капак (по можност стаклено) и чувајте го во фрижидер до 3-4 дена.