Домашно бадемово млеко

Научете како да направите домашно бадемово млеко! Домашното млеко од бадеми е поздраво од многу други опции на млеко купени од продавници (нема никакви хемикалии и е полно со витамини) и се' што ви треба за да го направите се бадеми, вода, некој природен засладувач (и тоа само ако сакате малку послатко млеко) и блендер. Тоа е тоа!
Порции: 1 yield(s)
Подготовка: 5 мин.
Готвење: 10 мин.
Вкупно време 15 мин.
Состојки
  • 1 шолја непечени бадеми (отстоени во сад со вода 1 ноќ)
  • 4 cup ладна вода (не рачунајќи ја водата потребна за претходното потопување на бадемите)
  • 1 tsp екстракт од ванила (по желба)
  • 1 tbsp мед или 2 урми (по желба)
Инструкции
  1. Откако бадемите ќе отстојат во вода преку ноќ, исцедете ги и исплакнете ги. Фрлете ја водата во којашто беа потопени.
  2. Ставете ги бадемите во вашиот блендер заедно со четири чаши свежа, ладна вода и дополнителните додатоци по желба.
  3. Вклучете го блендерот на најголема јачина, пулсирајте 2 минути.
  4. Процедете го бадемовото млеко преку вреќа или материјал за цедење млеко или ако имате ситна цедалка (ова е опционална, дополнителна мерка за плакнење на млекото од бадемовата пулпа, но не е неопходна мерка. Млекото е совршено и без овој чекор).
  5. Истурете го бадемовото млеко во шише со капак (по можност стаклено) и чувајте го во фрижидер до 3-4 дена.