Баунти колачи со малини: без печење

Количина 12 Порции Комплексност:Лесна Подготовка: 10 мин. Готвење: 20 мин. Вкупно време 30 мин.

Ова е едно од моите последни креации за слатко и здраво задоволство. Брзо, многу лесно и екстремно вкусно! Бев инспирирана од чоколадото Баунти и желбата да направам здрава верзија од него, но во меѓувреме сакав да додадам и свежина од малини. Фeноменален вкус! Се чуваат во обичен фрижидер и се јадат многу брзо 🙂

Состојки

0/10 Состојки
Прилагоди број на порции
    Фил од кокос
  • Слоеви од чоколадо (долу и горе)
  • Малини

Инструкции

0/7 Инструкции
  • Земете хартиени корпици за мафини и ставете ги во калап за мафини.
  • Растопете 100г темно чоколадо со малку кокосово масло и ставете по 1 полна лажичка во секоја корпица. Размачкајте го чоколадото со лажицата и по ѕидовите на корпиците за да добиете убави чоколадни корпици. Ставете го калапот во замрзнувач околу 10 минути за да се стегне чоколадото.
  • Во меѓувреме измешајте ги состојките за филот од кокос во посебен сад и додадете уште мед ако не ви е благо.
  • Малинките ставете ги во шолја, додадете мед и само измешајте ги убаво.
  • Извадете го калапот со чоколадните корпици од замрзнувачот, во секоја корпа ставете од кокосовата смеса до врвот, ставете по 1-2 засладени малинки врз кокосот и додадете уште по некоја капка ванила екстракт во секоја корпица.
  • Растопете ги останатите 100г темно чоколадо со малку кокосово масло и посипете врз секое колаче за да ги затворите.
  • Оставете ги во замрзнувач уште 10 минути, а потоа може цело време да си ги чувате во обичен фрижидер.