Баунти колачи со малини: без печење

Ова е едно од моите последни креации за слатко и здраво задоволство. Брзо, многу лесно и екстремно вкусно! Бев инспирирана од чоколадото Баунти и желбата да направам здрава верзија од него, но во меѓувреме сакав да додадам и свежина од малини. Фeноменален вкус! Се чуваат во обичен фрижидер и се јадат многу брзо :)
Порции: 12 yield(s)
Подготовка: 10 мин.
Готвење: 20 мин.
Вкупно време 30 мин.
Состојки
    Фил од кокос
  • 120 g кокосово брашно (кокосови трошки)
  • 1/3 шолја растително млеко (бадемово, оризово, овесно)
  • 1 tbsp мед (пробајте и додадете ште ако сакате)
  • 1 tbsp таан
  • 1 tsp екстракт од ванила
  • 1 tbsp кокосово масло
  • Слоеви од чоколадо (долу и горе)
  • 200 g темно чоколадо
  • 1 tbsp кокосово масло (може и без него, но подобро е кога го има)
  • Малини
  • 15-20 малини
  • 1 tbsp мед
Инструкции
  1. Земете хартиени корпици за мафини и ставете ги во калап за мафини.
  2. Растопете 100г темно чоколадо со малку кокосово масло и ставете по 1 полна лажичка во секоја корпица. Размачкајте го чоколадото со лажицата и по ѕидовите на корпиците за да добиете убави чоколадни корпици. Ставете го калапот во замрзнувач околу 10 минути за да се стегне чоколадото.
  3. Во меѓувреме измешајте ги состојките за филот од кокос во посебен сад и додадете уште мед ако не ви е благо.
  4. Малинките ставете ги во шолја, додадете мед и само измешајте ги убаво.
  5. Извадете го калапот со чоколадните корпици од замрзнувачот, во секоја корпа ставете од кокосовата смеса до врвот, ставете по 1-2 засладени малинки врз кокосот и додадете уште по некоја капка ванила екстракт во секоја корпица.
  6. Растопете ги останатите 100г темно чоколадо со малку кокосово масло и посипете врз секое колаче за да ги затворите.
  7. Оставете ги во замрзнувач уште 10 минути, а потоа може цело време да си ги чувате во обичен фрижидер.