Појадок: 5 едноставни рецепти за овесен појадок

Овие лесни рецепти за овесен појадок (отстојан во текот на ноќта) претставуваат здрави оброци коишто можете да го направите однапред за да имате готов појадок во брзите работни денови. Исто така добро е што со нив може да експериментирате и да им ставате разни додатоци. Ги правите попладне, ги оставате во фрижидер во текот на...

Пилешко Хаваи (со ананас)

Овозможете си ментален одмор на Хаваите додека уживате во ова пилешко маринирано во мешавина од ананас и некои други слатки и зачинети состојки. Вкусете го овој егзотичен деликатес што побрзо!

Здрав џем од праски и џимет

Направете си го веднаш (се прави 20 минути), а потоа експериментирајте и со други овошја за да видите колку убави џемови ќе ви излегуваат, со 0% шеќер, богати со нутритивни вредности и превкусни! Па уште во комбинација со некој путер од јатки или путер од кикирики? Или во overnight oatmeal? Или во мафини? Предобро! на...

Здрав Лимонов Тарт

Ви го претставувам мојот здрав лимонов тарт со неверојатно освежувачки вкус кој зрачи со убавина и со здравје! Рецептот е веќе објавен во списанието ,,Добра Храна” на ,,Убавина и Здравје”, а од денес може да го најдете и овде.

Лесна лазања со модри патлиџани

Ако барате лесна, вегетаријанска лазања, ова е вистинскиот рецепт за вас. Како што може да претпоставите по насловот, вистинската лазања се заменува со модри патлиџани, ама има и други вкусни состојки во неа. Погледете го рецептот и видете за што зборувам.

Здрави домашни крекери со сирење

Зависникот од здрави домашни грицки се пријавува на должност! Овие крекери со сирење се домашни, вкусни, хранливи и економични. Контролирајте што внесувате во својот организам преку конзумирање храна којашто сами ќе си ја направите, не можам да го кажам ова онолку пати колку што би било доволно поради неговата важност. И плус, овие грицки се...

Италијанска кујна: Фритата со сирење ??

Фритата е италијанско јадење базирано на јајца, слично на омлет, но приготвено малку поинаку и збогатено со дополнителни состојки како месо, сирење или зеленчук. Мојата фритата е полна со сирење и зеленчук. Многу е лесно да се направи и дефинитивно треба да ја подготвите за доцен појадок во некој викенд 🙂