Здрав пудинг од чоколадо и портокал

Лесен за правење и исклучително вкусен рецепт за десерт којшто треба задолжително да се најде на вашата to-do листа. Имајте во предвид дека исто така е добар за вашето здравје. Направете го и споделете со мене дали ви се допаѓа!

Крцкави виџис компири

Ви ја претставувам причината поради која веќе со години не јадам помфрит. Тоа е затоа што најдов начин да ги приготвувам компирите на многу поздрав начин. Згора на тоа, тие се милион пати покрцкави и повкусни! А внатре меки како леб. Пробајте ги уште утре!

Авганистанско Сиик Кебаб Кари ??

Пред да ве запознаам со ова авганистанско јадење кое ЕДНОСТАВНО МОРА ДА ГО НАПРАВИТЕ, би сакала да споделам со вас нешто за азиската храна. Ќе видите многу азиски јадења на мојот блог бидејќи ги сметам за екстремно вкусни. Особено ја сакам храната кари, сметам дека таа е рајот во светот на храната. 🙂 Тука би...

Овесни гранола плочки

Овесните енергетски плочки се здрава и вкусна опција за утрата во кои немаме време да појадуваме. Дополнително, овесот содржи бета глукан влакна, а тие значително помагаат во намалувањето на високото ниво на холестерол. Овој вкусен извор на енергија е совршена опција за започнување со работниот ден!

Чоколадна овесна каша

Овесот е едно од најздравите зрна на земјата. Преку многу научни студии е докажано дека дека овесот и овесната каша имаат многу здравствени придобивки. Некои од нив се намалување на телесна тежина, намалување на нивото на шеќер во крвта и намален ризик од срцеви заболувања. Со ваков оброк сигурно нема да прескокнете ниеден појадок!

Здрави киноа ќофтиња

За разлика од пченицата или оризот, киноата е чист протеин. Ги содржи сите осум основни аминокиселини. Таа има признание од страна на Обединетите нации како суперхрана за нејзините здравствени придобивки. Киноата е полна со диетални влакна, фосфор, магнезиум и железо. Исто така, не содржи глутен и многу лесно се вари. Фактите сугерираат дека е близу...

Пудинг од чиа и јагоди

Чиа е семе за јадење, кое доаѓа од пустинското растение Salvia hispanica, кое расте во Мексико. Потекнува уште од древните Маи и Ацтеки. „Чиа“ значи сила, и оттогаш овие ситни црни семиња се познати како енергетски засилувачи. Тоа има смисла, бидејќи чиа семињата се полни со здрави омега-3 масни киселини, јаглени хидрати, протеини, растителни влакна,...