Рецепт на мајка ми: Печена риба

Во текот на моето детство, секогаш уживав во мирисот и вкусот на овој оброк! Ова е еден од највкусните рецепти на мајка ми, па со нејзина дозвола решив да го направам и да го споделам со вас. Дома, секогаш го правевме со крап, но денес го правев со ослиќ поради фактот дека е помалку калоричен...

Здрав сладолед од чоколадо и кокос

Конечно е тука! Мојот прв рецепт за целосно здрав сладолед, прв од многуте што ќе следат затоа што ни претстои долго и прекрасно лето! Уживајте!

Шпанска кујна: Гаспачо супа ??

Оваа освежителна шпанска Гаспачо супа е неверојатно лесна за подготовка (15 минути) и е редовен оброк кај шпанските семејства за време на жешките летни денови. Поради таа причина и се служи ладна. Таа е природен извор на витамини (А, Ц и Е), јаглени хидрати, фосфор, железо, калциум и магнезиум. А да не заборавиме дека е...

Јајца со моцарела

Дозволете ми да го претворам појадокот во ваш омилен оброк, како што и треба да биде за да имате здрав живот! Јајцата со својата едноставност и многубројните можности за варијации претставуваат одличен појадок. Јас ќе направам многу вкусни рецепти за појадок со јајца, со детално објаснета постапка за приготвување и со едноставни состојки, така што...

Крем пилешко со рукола

Многу сакам кремасти јадења и многу сум среќна кога ќе направам јадење кое е и кремасто и здраво. 🙂 Ова јадење го создадов спонтано, но излезе многу, многу вкусно! А тоа што е вкусно, мора да се сподели. Дефинитивно ќе го приготвам уште многу пати. Совршено се вклопува со виџис компири или салата како ганир.

Здрав ДОРИТОС чипс

Дали некогаш сте замислиле дека ќе имате можност да јадете Доритос чипс, БЕЗ ГРИЖА НА СОВЕСТ, кога и да посакате? Направив 2 експерименти пред да дојдам до овој совршен рецепт за Доритос, но, конечно еве го! Здрав, крцкав и вкусен! Оригиналните Доритос чипсови изобилуваат со маснотии и натриум хлорид – сол (во 12 чипсови има...

Пикантни пилешки ролни со моцарела

Ова е прекрасна експлозија од ароматичен вкус на зачини претворена во крцкав оброк. Ви претставувам пикантни пилешки ролни со моцарела кои ќе ги обожавате. Совршено се вклопуваат со било кој гарнир, без оглед дали е тоа печен зеленчук, компир (рестован компир или виџис компири) или ориз.