Категорија: Веганска храна, Вегетаријанска храна, Вечера, Ручек, Супи и чорби
Cuisine: Шпанска
Количина
2 Порции
Комплексност:Лесна
Подготовка: 5 мин.
Готвење:
10 мин.
Вкупно време
15 мин.
Оваа освежителна шпанска Гаспачо супа е неверојатно лесна за подготовка (15 минути) и е редовен оброк кај шпанските семејства за време на жешките летни денови. Поради таа причина и се служи ладна. Таа е природен извор на витамини (А, Ц и Е), јаглени хидрати, фосфор, железо, калциум и магнезиум. А да не заборавиме дека е неизмерно вкусна! Таа е вашиот нов, лесен и совршен оброк за ова лето!
Состојки
Прилагоди број на порции
Инструкции
- Грубо исецкајте ги зеленчукот и лебот.
- Ставете го целиот зеленчук во процесор за храна или блендер, а ако нема доволно простор во блендерот, измешајте 1/2 од зеленчукот, па потоа додадете го остатокот. Додадете го лебот, оцетот, маслиновото масло, водата и зачините. Процесирајте ги состојките додека не добиете целосно хомогена смеса. Вкусете ја супата и додајте сол доколку е потребно.
- Послужете ја супата ладна, гарнирајте со коцки препечен (тостиран) интегрален леб, свеж босилек и краставица.