Шпанска кујна: Гаспачо супа ??

Оваа освежителна шпанска Гаспачо супа е неверојатно лесна за подготовка (15 минути) и е редовен оброк кај шпанските семејства за време на жешките летни денови. Поради таа причина и се служи ладна. Таа е природен извор на витамини (А, Ц и Е), јаглени хидрати, фосфор, железо, калциум и магнезиум. А да не заборавиме дека е неизмерно вкусна! Таа е вашиот нов, лесен и совршен оброк за ова лето!
Порции: 2 yield(s)
Подготовка: 5 мин.
Готвење: 10 мин.
Вкупно време 15 мин.
Состојки
  • 3 домати (средна величина)
  • 1 краставица
  • 1 кромид
  • 1 чешне лук
  • 1 tsp ким
  • 1 tsp сол
  • 1 tbsp оцет
  • 1 tbsp маслиново масло
  • 10 листови свеж босилек
  • 2 парчиња интегрален леб
  • 1 tsp црн бибер
  • 1 шолја вода
Инструкции
  1. Грубо исецкајте ги зеленчукот и лебот.
  2. Ставете го целиот зеленчук во процесор за храна или блендер, а ако нема доволно простор во блендерот, измешајте 1/2 од зеленчукот, па потоа додадете го остатокот. Додадете го лебот, оцетот, маслиновото масло, водата и зачините. Процесирајте ги состојките додека не добиете целосно хомогена смеса. Вкусете ја супата и додајте сол доколку е потребно.
  3. Послужете ја супата ладна, гарнирајте со коцки препечен (тостиран) интегрален леб, свеж босилек и краставица.