Тарт од боровинки

Количина 8 Порции Комплексност:Средна Подготовка: 15 мин. Готвење: 40 мин. Вкупно време 55 мин.

Како и да го пресечете, овој здрав тарт од боровинки е совршен летен десерт! Прочитајте го рецептот и научете како да го направите ова неверојатно вкусно и кремасто задоволство.

Состојки

0/12 Состојки
Прилагоди број на порции
    За основата (доволна за кружен калап за тарт од 28cm)
  • За филот

Инструкции

0/5 Инструкции
  • Измелете ги лешниците и бадемите и ставете ги во сад. Додадете го прашокот за пециво, водата, брашното, бананата (изгмечена) и екстрактот од ванила. Измешајте ја смесата убаво и истурете ја во калапот за тарт (смесата треба да е густа за да може убаво да го втиснете тестото од страните на калапот за тарт).
  • Загрејте ја рерната на 180 степени и печете 3 минути. Извадете го тартот и избоцкајте го со виљушка со цел да струи воздух и тестото да остане на тлото од калапот.
  • Печете 30 минути, па извадете ја базата за тартот. Оставете ја да се излади, па ставете ја во замрзнувач 10 минути.
  • Во меѓувреме, изблендирајте ги состојките за филот. Добиениот фил истурете го врз базата за тартот и ставете го тартот да отстои во замарзнувач до наредниот ден.
  • Утредента декорирајте го тартот со кокос, овошје и растопено темно чоколадо. Исечете го на парчиња и чувајте го во замрзнувач. Извадете парчиња 10 минути пред секое послужување.