Тарт од боровинки

Како и да го пресечете, овој здрав тарт од боровинки е совршен летен десерт! Прочитајте го рецептот и научете како да го направите ова неверојатно вкусно и кремасто задоволство.
Порции: 8 yield(s)
Подготовка: 15 мин.
Готвење: 40 мин.
Вкупно време 55 мин.
Состојки
    За основата (доволна за кружен калап за тарт од 28cm)
  • 70 g бадеми
  • 50 g лешници
  • 1 прашок за пециво (10 g)
  • 1 шолја интегрално брашно (не ја полнете до крај)
  • 1/2 млака вода
  • 1/2 банана
  • 1/2 tsp екстракт од ванила
  • За филот
  • 1 рака боровинки (не многу полна)
  • 100 g индиски ореви (потопени во вода 12 часа)
  • 1/2 банана
  • 3 урми (додадете уште една ако не ви е доволно благо)
  • 1 tbsp вода
Инструкции
  1. Измелете ги лешниците и бадемите и ставете ги во сад. Додадете го прашокот за пециво, водата, брашното, бананата (изгмечена) и екстрактот од ванила. Измешајте ја смесата убаво и истурете ја во калапот за тарт (смесата треба да е густа за да може убаво да го втиснете тестото од страните на калапот за тарт).
  2. Загрејте ја рерната на 180 степени и печете 3 минути. Извадете го тартот и избоцкајте го со виљушка со цел да струи воздух и тестото да остане на тлото од калапот.
  3. Печете 30 минути, па извадете ја базата за тартот. Оставете ја да се излади, па ставете ја во замрзнувач 10 минути.
  4. Во меѓувреме, изблендирајте ги состојките за филот. Добиениот фил истурете го врз базата за тартот и ставете го тартот да отстои во замарзнувач до наредниот ден.
  5. Утредента декорирајте го тартот со кокос, овошје и растопено темно чоколадо. Исечете го на парчиња и чувајте го во замрзнувач. Извадете парчиња 10 минути пред секое послужување.