Марокански кускус со куркума ??

Количина 2 Порции Комплексност:Лесна Подготовка: 15 мин. Готвење: 10 мин. Вкупно време 25 мин.

Кускус е вид тестенина, по потекло од Мароко. Овие ситни топчиња од гриз-брашно се традиционално јадење на северноафричката и медитеранска кујна. Се карактеризираат со жолтеникава боја и се користат како состојка во многу јадења и салати. Имено, кускус претставува одлична замена за ориз. Меѓутоа, една шолја кускус има околу 180 калории, далеку помалку во споредба со шолја ориз или киноа. Богат е и со протеини кои се важни за одржување на енергијата на високо ниво и јакнење на мускулите. Уживајте во овој рецепт!

Состојки

0/9 Состојки
Прилагоди број на порции

Инструкции

0/3 Инструкции
  • Кромидот и печурките ги сецкаме и кратко ги пропржуваме на маслиново масло. Ги ставаме во длабока чинија (која понатаму ќе се згрее од врелата вода што ќе ја налееме, но нема да биде ставена на оган) и во неа ги ставаме и останатите состојки.
  • Коцката за пилешка супа ја ставаме во чинијата и ја раздробуваме за полесно да се растопи. Ја мешаме убаво целата смеса и го додаваме кускусот.
  • Полеваме со врела вода малку над висината на смесата и покриваме со крпа или капак и оставаме да отстои 10-15 минути. Штом кускусот ја впие целата течност, промешуваме и послужуваме.