Марокански кускус со куркума ??
Кускус е вид тестенина, по потекло од Мароко. Овие ситни топчиња од гриз-брашно се традиционално јадење на северноафричката и медитеранска кујна. Се карактеризираат со жолтеникава боја и се користат како состојка во многу јадења и салати. Имено, кускус претставува одлична замена за ориз. Меѓутоа, една шолја кускус има околу 180 калории, далеку помалку во споредба со шолја ориз или киноа. Богат е и со протеини кои се важни за одржување на енергијата на високо ниво и јакнење на мускулите. Уживајте во овој рецепт!
Порции:
2
yield(s)
Подготовка:
15
мин.
Готвење:
10
мин.
Вкупно време
25
мин.
Состојки
-
300
g
кускус
-
400
g
врела вода
-
1
кромид
-
1
коцка пилешка супа
-
200
g
печурки
-
100
g
грашок
-
1
tbsp
куркума или кари
-
1
tsp
рузмарин
-
20
g
свеж магдонос
Инструкции
-
Кромидот и печурките ги сецкаме и кратко ги пропржуваме на маслиново масло. Ги ставаме во длабока чинија (која понатаму ќе се згрее од врелата вода што ќе ја налееме, но нема да биде ставена на оган) и во неа ги ставаме и останатите состојки.
-
Коцката за пилешка супа ја ставаме во чинијата и ја раздробуваме за полесно да се растопи. Ја мешаме убаво целата смеса и го додаваме кускусот.
-
Полеваме со врела вода малку над висината на смесата и покриваме со крпа или капак и оставаме да отстои 10-15 минути. Штом кускусот ја впие целата течност, промешуваме и послужуваме.