Категорија: Веганска храна, Вегетаријанска храна, Главни јадења, Супи и чорби
Количина
2 Порции
Комплексност:Лесна
Подготовка: 10 мин.
Готвење:
25 мин.
Вкупно време
35 мин.
Кремава и вкусна, оваа супа буквално е течна радост во чинија. На овој блог ќе видите многу различни здрави крем супи, така што ќе имате многу опции за лесна и хранлива вечера. Погледнете го рецептот и воведете ги овие вкусни задоволства во репертораот на вашата дневна исхрана!
Состојки
Прилагоди број на порции
Инструкции
- Компирите излупете ги и исецкајте ги на коцки. Морковите исто така исецкајте ги на коцки и ставете ги заедно со компирите да се варат во тенџере.
- Пред зеленчукот да биде целосно сварен (и има вода само до нивото на зеленчукот), во водата додадете 1 коцка супа од зеленчук, црн бибер, лук во прав и лажица куркума. Штом зеленчукот е целосно сварен, оставете го малку да се излади.
- Земете друго тенџере кое ќе ви служи за крем сума. Во меѓувреме со црпалка од тенџерето со зеленчук земете дел од од сварениот зеленчук и водата и ставете го во блендер. Блендираната крем супа турајте ја во второто тенџере. Повторете ја постапката се додека целата супа не е префрлена во другото тенџере во вид на крем супа (јас ја користев блендер 2 пати поради количината којашто ја собира мојот блендер, но доколку вие имате поголем, тогаш можете да ја направите постапката со само едно блендирање.)
- Ставете ја густата крем супа на средно силен оган да се загрее и додадете уште малку магдонос (свеж или сушен).
- Послужете со 100% интегрален леб, претходно исецкан на коцки кои ќе ги препечете во тостер. Јас декорирав со семки од тиква и течна хопла за готвење.