Крем супа од зеленчук

Кремава и вкусна, оваа супа буквално е течна радост во чинија. На овој блог ќе видите многу различни здрави крем супи, така што ќе имате многу опции за лесна и хранлива вечера. Погледнете го рецептот и воведете ги овие вкусни задоволства во репертораот на вашата дневна исхрана!
Порции: 2 yield(s)
Подготовка: 10 мин.
Готвење: 25 мин.
Вкупно време 35 мин.
Состојки
  • 3 големи компири
  • 4 моркови
  • 1 зеленчукова коцка за супа
  • 1 tsp црн бибер
  • 1 tsp лук во прав
  • 1 tbsp куркума
  • 1 tbsp сушен магдонос
  • 2 парчиња интегрален леб
Инструкции
  1. Компирите излупете ги и исецкајте ги на коцки. Морковите исто така исецкајте ги на коцки и ставете ги заедно со компирите да се варат во тенџере.
  2. Пред зеленчукот да биде целосно сварен (и има вода само до нивото на зеленчукот), во водата додадете 1 коцка супа од зеленчук, црн бибер, лук во прав и лажица куркума. Штом зеленчукот е целосно сварен, оставете го малку да се излади.
  3. Земете друго тенџере кое ќе ви служи за крем сума. Во меѓувреме со црпалка од тенџерето со зеленчук земете дел од од сварениот зеленчук и водата и ставете го во блендер. Блендираната крем супа турајте ја во второто тенџере. Повторете ја постапката се додека целата супа не е префрлена во другото тенџере во вид на крем супа (јас ја користев блендер 2 пати поради количината којашто ја собира мојот блендер, но доколку вие имате поголем, тогаш можете да ја направите постапката со само едно блендирање.)
  4. Ставете ја густата крем супа на средно силен оган да се загрее и додадете уште малку магдонос (свеж или сушен).
  5. Послужете со 100% интегрален леб, претходно исецкан на коцки кои ќе ги препечете во тостер. Јас декорирав со семки од тиква и течна хопла за готвење.