Здрав Лимонов Тарт

Количина 8 Порции Комплексност:Лесна Подготовка: 10 мин. Готвење: 30 мин. Вкупно време 40 мин.

Ви го претставувам мојот здрав лимонов тарт со неверојатно освежувачки вкус кој зрачи со убавина и со здравје! Рецептот е веќе објавен во списанието ,,Добра Храна” на ,,Убавина и Здравје”, а од денес може да го најдете и овде.

Состојки

0/12 Состојки
Прилагоди број на порции
    Тесто за база
  • Фил

Инструкции

0/7 Инструкции
  • Бадемите, лешниците и овесните снегулки ставете ги во блендер и пулсирајте додека не добиете хомогено брашно.
  • Додадете ги урмите во блендерот со брашното, водата и медот, па пулсирајте додека не добиете еднобојна смеса.
  • Готовата смеса префрлете ја во калапот за тарт кој претходно малку ќе го испрскате со масло. Истапкајте го убаво тестото во калапот со влажни раце и погрижете се да ги обложите убаво ѕидовите на калапот со тесто и да добиете убава форма на чинија. Избодете го тестото со виљушка на дното и ставете го да се пече во загреана рерна на 180 степени во времетраење од 15 минути.
  • Во меѓувреме омекнатите индиски ореви ставете ги во блендер заедно со малку кокосово млеко и пулсирајте додека не добиете хомогена смеса. Префрлете ја смесата во сад за миксирање, додадете го остатокот од млекото, сокот од лимон, медот, кората од лимон и куркумата. Сето тоа убаво соединете го со помош на миксер.
  • Смесата треба да биде густа и слатка, со сочни нишки на лимонов вкус и убава светло жолта боја. Доколку не ви е доволно густа додадете 1 лажица мелени овесни снегулки, а доколку сакате да ја разводените, тогаш додадете уште 1 лажица кокосово млеко.
  • Печеното тесто за тарт треба целосно да се излади, па потоа да се филува (околу 10 минути). Посипете го филот врз тестото, убаво израмнете го со движење на самиот калап и ставете го тартот во замрзнувач околу 4 часа да се стегне. Доколку сакате да го декорирате, тоа може да го направите 10 минути по ставањето во замрзнувач.
  • Извадете го тартот од замрзнувач 30 минути пред првото послужување. Потоа можете да го чувате во обичен фрижидер.