Здрав Лимонов Тарт

Ви го претставувам мојот здрав лимонов тарт со неверојатно освежувачки вкус кој зрачи со убавина и со здравје! Рецептот е веќе објавен во списанието ,,Добра Храна" на ,,Убавина и Здравје", а од денес може да го најдете и овде.
Порции: 8 yield(s)
Подготовка: 10 мин.
Готвење: 30 мин.
Вкупно време 40 мин.
Состојки
    Тесто за база
  • 150 g несолени бадеми
  • 160 g лешници
  • 120 g овесни снегулки
  • 100 g урми (10 урми)
  • 1/3 шолја вода
  • 1 tbsp мед
  • Фил
  • 300 g несолени индиски ореви (потпопени 20 минути во врела вода)
  • 350 ml кокосово млеко
  • 3 tbsp мед
  • сок од 1 голем лимон (или 1.5 среден лимон)
  • рендана кора од 1 голем лимон (или 1.5 среден лимон)
  • 1/2 tsp куркума (за интензивирање на боја)
Инструкции
  1. Бадемите, лешниците и овесните снегулки ставете ги во блендер и пулсирајте додека не добиете хомогено брашно.
  2. Додадете ги урмите во блендерот со брашното, водата и медот, па пулсирајте додека не добиете еднобојна смеса.
  3. Готовата смеса префрлете ја во калапот за тарт кој претходно малку ќе го испрскате со масло. Истапкајте го убаво тестото во калапот со влажни раце и погрижете се да ги обложите убаво ѕидовите на калапот со тесто и да добиете убава форма на чинија. Избодете го тестото со виљушка на дното и ставете го да се пече во загреана рерна на 180 степени во времетраење од 15 минути.
  4. Во меѓувреме омекнатите индиски ореви ставете ги во блендер заедно со малку кокосово млеко и пулсирајте додека не добиете хомогена смеса. Префрлете ја смесата во сад за миксирање, додадете го остатокот од млекото, сокот од лимон, медот, кората од лимон и куркумата. Сето тоа убаво соединете го со помош на миксер.
  5. Смесата треба да биде густа и слатка, со сочни нишки на лимонов вкус и убава светло жолта боја. Доколку не ви е доволно густа додадете 1 лажица мелени овесни снегулки, а доколку сакате да ја разводените, тогаш додадете уште 1 лажица кокосово млеко.
  6. Печеното тесто за тарт треба целосно да се излади, па потоа да се филува (околу 10 минути). Посипете го филот врз тестото, убаво израмнете го со движење на самиот калап и ставете го тартот во замрзнувач околу 4 часа да се стегне. Доколку сакате да го декорирате, тоа може да го направите 10 минути по ставањето во замрзнувач.
  7. Извадете го тартот од замрзнувач 30 минути пред првото послужување. Потоа можете да го чувате во обичен фрижидер.