Категорија: Веганска храна, Вегетаријанска храна, Вечера, Прилози, Разно, Ручек
Количина
6 Порции
Комплексност:Лесна
Подготовка: 10 мин.
Готвење:
1 ч. 20 мин.
Вкупно време
1 ч. 30 мин.
Пивото содржи фолна киселина и не е штетно доколку се пие во мошне умерени количини – напротив, телото има корист од овој тип на киселина. Во случајов јас одлучив да го конзумирам преку храна бидејќи на тој начин не предизвикува надуеност, а и не секој е обожавател на директниот вкус на пиво. Компирите приготвени во пиво даваат одличен вкус, пробајте ги па споделете го вашето искуство!
Состојки
Прилагоди број на порции
Инструкции
- Компирите измијте ги убаво, излупете ги и исечете ги на парчиња. Ставете ги во еден сад, зачинете ги и додадете ги сенфот и маслиновото масло. Убаво измешајте.
- Вака подготвените компири ставете ги во тава за печење, прелијте ги со пиво, покријте ги со фолија и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени околу еден час.
- На крај извадете ја фолијата и допечете ги уште 10-тина минути.