Категорија: Веганска храна, Вегетаријанска храна, Десерти, Ужина
Количина
2 Порции
Комплексност:Лесна
Подготовка: 10 мин.
Готвење:
10 мин.
Вкупно време
20 мин.
Ручавте веќе? Епа сега време е за едно брзо и феноменално слатко искуство со прекрасен вкус и изглед. Бидете подготвени, со мене секогаш ќе имате брзи, здрави и вкусни десерти со кои ќе се почестите самите себе, вашето семејство, па дури и неочекуваните гости на врата 🙂 Целосно мој изум, ви го претставувам десертот кафе-банана сплит!
Состојки
Прилагоди број на порции
Инструкции
- Смеса за бел слој: Сомелете ги лешниците во блендер со сечиво за јаткасти плодови па додадете две банани. Соединете ги бананите и мелените лешници во блендер па смесата оставете ја во сад на страна.
- Смеса за црн слој: Ставете ги другите 2 банани во блендер заедно со кафето и какаото и земете друг сад во којшто ќе ја истурите оваа смеса.
- Земете две чаши за вино. Истурете во секоја чаша по 1/4 од белата смеса. Земете лажица и со неа посипете еден ред од овесни снегулки врз слојот од бела смеса. Врз овесните снегулки истурете по 1/4 од црната смеса во секоја чаша. Повторно ставете ред овесни снегулки. Повторно ставете 1/4 од белата смеса во секоја чаша и уште еден ред овесни снегулки. На крај завршете со 1/4 црна смеса во секоја чаша.
- Декорирајте со свежи јагоди, оставете да отстои околу 15 минути за да омекнат овесните снегулки и уживајте во прекрасниот десерт!