Кафе-Банана Сплит

Ручавте веќе? Епа сега време е за едно брзо и феноменално слатко искуство со прекрасен вкус и изглед. Бидете подготвени, со мене секогаш ќе имате брзи, здрави и вкусни десерти со кои ќе се почестите самите себе, вашето семејство, па дури и неочекуваните гости на врата :) Целосно мој изум, ви го претставувам десертот кафе-банана сплит!
Порции: 2 yield(s)
Подготовка: 10 мин.
Готвење: 10 мин.
Вкупно време 20 мин.
Состојки
  • 4 банани
  • 50 g лешници
  • 3 tsp какао
  • 3 tsp инстант кафе или Нескафе (од кафето ставајте лажичка по лажичка, за да проверите колку силен вкус на кафе сакате. Јас го обожавам вкусот на кафе па ставив три за 2 чаши, вие ставете помалку ако сакате)
  • 1/3 шолја овесни снегулки (или гранола мусли, а може и искршени бисквити)
  • 8 свежи јагоди
Инструкции
  1. Смеса за бел слој: Сомелете ги лешниците во блендер со сечиво за јаткасти плодови па додадете две банани. Соединете ги бананите и мелените лешници во блендер па смесата оставете ја во сад на страна.
  2. Смеса за црн слој: Ставете ги другите 2 банани во блендер заедно со кафето и какаото и земете друг сад во којшто ќе ја истурите оваа смеса.
  3. Земете две чаши за вино. Истурете во секоја чаша по 1/4 од белата смеса. Земете лажица и со неа посипете еден ред од овесни снегулки врз слојот од бела смеса. Врз овесните снегулки истурете по 1/4 од црната смеса во секоја чаша. Повторно ставете ред овесни снегулки. Повторно ставете 1/4 од белата смеса во секоја чаша и уште еден ред овесни снегулки. На крај завршете со 1/4 црна смеса во секоја чаша.
  4. Декорирајте со свежи јагоди, оставете да отстои околу 15 минути за да омекнат овесните снегулки и уживајте во прекрасниот десерт!