Категорија: Веганска храна, Вегетаријанска храна, Десерти, Ужина
Количина
8 Порции
Комплексност:Лесна
Подготовка: 10 мин.
Готвење:
30 мин.
Вкупно време
40 мин.
Ви го претставувам мојот здрав лимонов тарт со неверојатно освежувачки вкус кој зрачи со убавина и со здравје! Рецептот е веќе објавен во списанието ,,Добра Храна” на ,,Убавина и Здравје”, а од денес може да го најдете и овде.
Состојки
Прилагоди број на порции
-
Тесто за база
- Фил
Инструкции
- Бадемите, лешниците и овесните снегулки ставете ги во блендер и пулсирајте додека не добиете хомогено брашно.
- Додадете ги урмите во блендерот со брашното, водата и медот, па пулсирајте додека не добиете еднобојна смеса.
- Готовата смеса префрлете ја во калапот за тарт кој претходно малку ќе го испрскате со масло. Истапкајте го убаво тестото во калапот со влажни раце и погрижете се да ги обложите убаво ѕидовите на калапот со тесто и да добиете убава форма на чинија. Избодете го тестото со виљушка на дното и ставете го да се пече во загреана рерна на 180 степени во времетраење од 15 минути.
- Во меѓувреме омекнатите индиски ореви ставете ги во блендер заедно со малку кокосово млеко и пулсирајте додека не добиете хомогена смеса. Префрлете ја смесата во сад за миксирање, додадете го остатокот од млекото, сокот од лимон, медот, кората од лимон и куркумата. Сето тоа убаво соединете го со помош на миксер.
- Смесата треба да биде густа и слатка, со сочни нишки на лимонов вкус и убава светло жолта боја. Доколку не ви е доволно густа додадете 1 лажица мелени овесни снегулки, а доколку сакате да ја разводените, тогаш додадете уште 1 лажица кокосово млеко.
- Печеното тесто за тарт треба целосно да се излади, па потоа да се филува (околу 10 минути). Посипете го филот врз тестото, убаво израмнете го со движење на самиот калап и ставете го тартот во замрзнувач околу 4 часа да се стегне. Доколку сакате да го декорирате, тоа може да го направите 10 минути по ставањето во замрзнувач.
- Извадете го тартот од замрзнувач 30 минути пред првото послужување. Потоа можете да го чувате во обичен фрижидер.