За денес ви приготвив еден ултра вкусен и нутритивен десерт кој ќе го обожавате.
Главната состојка за да го направите е просо. Подолу е објаснето се’ што треба да знаете за оваа феноменална состојка.
Просото е една од најстарите, но и најздравите житарки. Денес оваа безглутенска житарица се користи за подготовка на различни јадења во целиот свет, а се служи како прилог, салата, или како додаток на оброците, во супи и варива.
Освен што нема глутен, просото е и алкална (базна) житарица поради што организмот може лесно да ја свари, а според некои научници, просото е и антиканцерогено бидејќи алкалната храна не предизвикува киселост во организмот, што е средина во која се развиваат клетките на карциномите. Поради ова, се препорачува на лицата кои имаат проблеми со цревата бидејќи помага во регенерација на цревната флора, добро е за проблеми со слезината, анемија, артритис и при проблеми со нервниот систем.
Просото е богато со магнезиум и железо, претставува одличен извор на протеини (во 100 г просо има 10 г протеини), содржи калциум, фосфор, цинк, никел, витамин Е и витамини од групата Б.
Состојки
Инструкции
- Загрејте ја водата во тенџере додека не зоврие, додадете го млекото. По една минута додадете мед и просо. Гответе 15 минути на средна температура или додека не омекне.
- Додадете го екстрактот од ванила и добро измешајте го користејќи рачен миксер или можеби дури и блендер. Додадете малку вода во смесата ако сакате потечна текстура и додадете уште мед доколку сакате вашиот пудинг да биде поблаг. Декорирајте со цимет, мелени јатки и мед.