Категорија: Веганска храна, Десерти, Ужина
Количина
9 Порции
Комплексност:Лесна
Подготовка: 10 мин.
Готвење:
20 мин.
Вкупно време
30 мин.
Дечки, верувајте, не сте пробале повкусно нешто од овие бомбици, веќе долго време. Ве предизвикувам да ги направите дома и сами да се уверите во тоа!
Состојки
Прилагоди број на порции
Инструкции
- Урмите ги блендераме, и смесата ја ставаме во сад. Во садот ги додаваме сите други состојки освен чоколадото, мешаме со лажица за смесата убаво да се соедини, правиме прв тип на бомбици (не баш округли затоа што смесата е малку леплива поради урмите) и ги оставаме да отстојат 10тина минути. После тоа од секоја од нив правиме округла бомбица со навлажнети раце, па потоа ги редиме во сад.
- Ги ставаме во замрзнувач околу 1 час да се стврднат, а потоа ги вадиме и ги посипуваме со растопено темно чоколадо. Јас додадов и парченца бело чоколадо за декорација, а ако немате, тогаш можете да посипете со остатокот од мелените лешници. Бомбиците се чуваат во замрзнувач затоа што се сирови, се вадат 10 минути пред послужување (вадете онолку бомбици колку што имате намера да послужите). Направете го рецептот, топло ви препорачувам ♥️