Здрави сникерс енергетски бомбици

Дечки, верувајте, не сте пробале повкусно нешто од овие бомбици, веќе долго време. Ве предизвикувам да ги направите дома и сами да се уверите во тоа!
Порции: 9 yield(s)
Подготовка: 10 мин.
Готвење: 20 мин.
Вкупно време 30 мин.
Состојки
  • 50 g лешници (мелени)
  • 50 g непечени кикирики (делумно мелени)
  • 4 tbsp какао
  • 10 урми
  • 1/2 шолја нескафе (нескафе во врела вода)
  • 50 g сушена аронија, брусница или друго суво овошје
  • 30 g раскршен корнфлекс (може и повеќе по желба, тој ја дава крцкавоста на крај)
  • 2 реда темно чоколадо
Инструкции
  1. Урмите ги блендераме, и смесата ја ставаме во сад. Во садот ги додаваме сите други состојки освен чоколадото, мешаме со лажица за смесата убаво да се соедини, правиме прв тип на бомбици (не баш округли затоа што смесата е малку леплива поради урмите) и ги оставаме да отстојат 10тина минути. После тоа од секоја од нив правиме округла бомбица со навлажнети раце, па потоа ги редиме во сад.
  2. Ги ставаме во замрзнувач околу 1 час да се стврднат, а потоа ги вадиме и ги посипуваме со растопено темно чоколадо. Јас додадов и парченца бело чоколадо за декорација, а ако немате, тогаш можете да посипете со остатокот од мелените лешници. Бомбиците се чуваат во замрзнувач затоа што се сирови, се вадат 10 минути пред послужување (вадете онолку бомбици колку што имате намера да послужите). Направете го рецептот, топло ви препорачувам ♥️