Категорија: Веганска храна, Вегетаријанска храна, Вечера, Главни јадења, Прилози, Ручек
Cuisine: Африканска
			
			
									
					
						
						
						Количина
						2 Порции
										
						
						Комплексност:Лесна					
										
					
						
						Подготовка:						15 мин.
										
						
						Готвење:
						10 мин.					
										
						
						Вкупно време
						25 мин.
						
			
					Кускус е вид тестенина, по потекло од Мароко. Овие ситни топчиња од гриз-брашно се традиционално јадење на северноафричката и медитеранска кујна. Се карактеризираат со жолтеникава боја и се користат како состојка во многу јадења и салати. Имено, кускус претставува одлична замена за ориз. Меѓутоа, една шолја кускус има околу 180 калории, далеку помалку во споредба со шолја ориз или киноа. Богат е и со протеини кои се важни за одржување на енергијата на високо ниво и јакнење на мускулите. Уживајте во овој рецепт!
Состојки
						Прилагоди број на порции
						
					
					
				Инструкции
- Кромидот и печурките ги сецкаме и кратко ги пропржуваме на маслиново масло. Ги ставаме во длабока чинија (која понатаму ќе се згрее од врелата вода што ќе ја налееме, но нема да биде ставена на оган) и во неа ги ставаме и останатите состојки.
 - Коцката за пилешка супа ја ставаме во чинијата и ја раздробуваме за полесно да се растопи. Ја мешаме убаво целата смеса и го додаваме кускусот.
 - Полеваме со врела вода малку над висината на смесата и покриваме со крпа или капак и оставаме да отстои 10-15 минути. Штом кускусот ја впие целата течност, промешуваме и послужуваме.
 
