Категорија: Главни јадења, Појадок
Количина
1 Порција
Комплексност:Лесна
Подготовка: 10 мин.
Готвење:
10 мин.
Вкупно време
20 мин.
Чилбир е всушност турски специјалитет со јајца кој претставува еден многу едноставен, вкусен и хранлив рецепт за појадок. Овој рецепт наликува на стандардниот рецепт за јајца на око, но е проследен со ултра добар турски шмек кој се состои од павлака или грчки јогурт со вкус на лук, како и од путер со вкус на чили. Ви привлеков внимание? Тогаш погледнете го рецептот.
Состојки
Прилагоди број на порции
Инструкции
- Измешајте го грчкиот јогурт или павлаката со лукот во прав. Додадете малку копар во самата смеса. Префрлете ја смесата во плитка чинија и израмнете ја со лажица. Може да ставите и парче пршута над јогуртот, но само доколку сакате.
- Земете две јајца и испржете ги на око во тава, со малку сол. Ставете ги врз намазот од јогурт (или преку поставената пршута, доколку ја има).
- Растопете го путерот во мало тенџере, додајте чили во прав и благ црвен пипер, а потоа истурете ја смесата врз поставените јајца. Декорирајте го појадокот со остатокот од копарот.