Турски Чилбир јајца

Чилбир е всушност турски специјалитет со јајца кој претставува еден многу едноставен, вкусен и хранлив рецепт за појадок. Овој рецепт наликува на стандардниот рецепт за јајца на око, но е проследен со ултра добар турски шмек кој се состои од павлака или грчки јогурт со вкус на лук, како и од путер со вкус на чили. Ви привлеков внимание? Тогаш погледнете го рецептот.
Порции: 1 yield(s)
Подготовка: 10 мин.
Готвење: 10 мин.
Вкупно време 20 мин.
Состојки
  • 2 јајца
  • 2 tbsp путер
  • 3 tbsp грчки јогурт или павлака
  • 1/2 tsp лук во прав
  • 1/2 tsp копар (или сув босилек)
  • 1/4 tsp чили во прав
  • 1/4 tsp сол
  • 1/2 tsp црвен благ пипер
Инструкции
  1. Измешајте го грчкиот јогурт или павлаката со лукот во прав. Додадете малку копар во самата смеса. Префрлете ја смесата во плитка чинија и израмнете ја со лажица. Може да ставите и парче пршута над јогуртот, но само доколку сакате.
  2. Земете две јајца и испржете ги на око во тава, со малку сол. Ставете ги врз намазот од јогурт (или преку поставената пршута, доколку ја има).
  3. Растопете го путерот во мало тенџере, додајте чили во прав и благ црвен пипер, а потоа истурете ја смесата врз поставените јајца. Декорирајте го појадокот со остатокот од копарот.