Пилешко во сос од буковка

Количина 4 Порции Комплексност:Лесна Подготовка: 10 мин. Готвење: 35 мин. Вкупно време 45 мин.

Буковката е една од најхранливите и здрави видови на печурки. Содржат минимален број на калории и немаат маснотии. Тие се екстремно корисни за намалување на нивото на холестерол, можат  да влијаат во деактивација на воспаленија и да го зајакнат здравјето на мозокот затоа што се полни со антиоксиданти и безброј на витамини. Што друго да кажам за овие вкусни печурки освен: ставете ги веднаш на вашата листа за купување и направете го ова вкусно јадење што е можно поскоро!

Состојки

0/11 Состојки
Прилагоди број на порции
    Подготовка на месо
  • Подготовка на сос

Инструкции

0/4 Инструкции
  • Испржете и парчињата печурки буковка на маслиново масло или путер. Додадете ги зачините, промешајте и тргнете ги на страна во посебен сад.
  • Месото исецкајте го на коцки и ставете го во чинија. Додадете ги зачините потребни за месото, измешајте и оставете го да отстои 5 минути. Префрлете го месото во тавата каде што се пржеа печурките (со загреано маслиново масло) и пржете 15 минути на среден оган.
  • Додадете ги печурките повторно во тавата со месото, а потоа додајте го и грашокот од конзерва. Пропржете уште 5 минути, па додајте го топлото млеко измешано со лажица интегрално брашно. Промешајте и оставете да се крчка 10 минути на ниска температура.
  • Послужете со компири или ориз.