Пилешко во сос од буковка

Буковката е една од најхранливите и здрави видови на печурки. Содржат минимален број на калории и немаат маснотии. Тие се екстремно корисни за намалување на нивото на холестерол, можат  да влијаат во деактивација на воспаленија и да го зајакнат здравјето на мозокот затоа што се полни со антиоксиданти и безброј на витамини. Што друго да кажам за овие вкусни печурки освен: ставете ги веднаш на вашата листа за купување и направете го ова вкусно јадење што е можно поскоро!
Порции: 4 yield(s)
Подготовка: 10 мин.
Готвење: 35 мин.
Вкупно време 45 мин.
Состојки
    Подготовка на месо
  • 400 g пилешки стек
  • 1 tsp црн бибер
  • 1/2 tsp сол
  • 1 tsp лук во прав
  • Подготовка на сос
  • 500 g буковка
  • 1/2 шолја растително млеко
  • 1 tbsp интегрално брашно
  • 1 tbsp маслиново масло
  • 1/3 tsp чили зачин
  • 1/2 tsp сол
  • 200 g грашок (во конзерва)
Инструкции
  1. Испржете и парчињата печурки буковка на маслиново масло или путер. Додадете ги зачините, промешајте и тргнете ги на страна во посебен сад.
  2. Месото исецкајте го на коцки и ставете го во чинија. Додадете ги зачините потребни за месото, измешајте и оставете го да отстои 5 минути. Префрлете го месото во тавата каде што се пржеа печурките (со загреано маслиново масло) и пржете 15 минути на среден оган.
  3. Додадете ги печурките повторно во тавата со месото, а потоа додајте го и грашокот од конзерва. Пропржете уште 5 минути, па додајте го топлото млеко измешано со лажица интегрално брашно. Промешајте и оставете да се крчка 10 минути на ниска температура.
  4. Послужете со компири или ориз.