Мисиркино месо во сенф и рузмарин

Количина 2 Порции Комплексност:Средна Подготовка: 15 мин. Готвење: 50 мин. Вкупно време 1 ч. 5 мин.

Мисиркиното месо има предност над пилешкото месо и во себе содржи 20% помалку калории и 75% помалку масти, а двојно повеќе витамин Б, железо и цинк. Исто така содржи повеќе протеини од други видови месо и е доста вкусно. Во други култури вообичаено се подготвува мисиркиното месо за празници и прослави. Пробајте го овој рецепт и споделете дали ќе ви се допадне!

Состојки

0/7 Состојки
Прилагоди број на порции

Инструкции

0/3 Инструкции
  • Медалјоните ги посипуваме со малку сол и ги премачкуваме со сенф од сите страни.
  • Во посебна тава растопуваме путер и додаваме сецкам магдонос, рузмарин и мускатно оревче. Со смесата од путер и зачини го посипуваме месото.
  • Печиме 20 минути на температура од 230 степени, а потоа печиме уште 30 минути на температура од 190 степени.