Мисиркино месо во сенф и рузмарин

Мисиркиното месо има предност над пилешкото месо и во себе содржи 20% помалку калории и 75% помалку масти, а двојно повеќе витамин Б, железо и цинк. Исто така содржи повеќе протеини од други видови месо и е доста вкусно. Во други култури вообичаено се подготвува мисиркиното месо за празници и прослави. Пробајте го овој рецепт и споделете дали ќе ви се допадне!
Порции: 2 yield(s)
Подготовка: 15 мин.
Готвење: 50 мин.
Вкупно време 65 мин.
Состојки
  • 500 g мисиркино месо
  • 50 g сенф
  • 1 tsp сол
  • 30 g свеж магдонос
  • 1 tbsp рузмарин
  • 1 tsp мускатно оревче
  • 1 tbsp путер
Инструкции
  1. Медалјоните ги посипуваме со малку сол и ги премачкуваме со сенф од сите страни.
  2. Во посебна тава растопуваме путер и додаваме сецкам магдонос, рузмарин и мускатно оревче. Со смесата од путер и зачини го посипуваме месото.
  3. Печиме 20 минути на температура од 230 степени, а потоа печиме уште 30 минути на температура од 190 степени.