Македонско традиционално гравче ??

Количина 5 Порции Комплексност:Тешка Подготовка: 30 мин. Готвење: 1 ч. 30 мин. Вкупно време 2 ч.

Велат, просто како грав, но не е баш така. Фактот што речиси секој од нас којшто пробал грав на различни места има исто толку различни искуства е доказ за тоа. Искуствата (од многу лоши до одлични) сведочат дека подготовката на вкусен грав баш и не е толку едноставна. Пробајте го овој рецепт за исклучително вкусен грав.

Состојки

0/10 Состојки
Прилагоди број на порции

Инструкции

0/9 Инструкции
  • Гравот се мие со ладна вода, неколку пати. Се остава да отстои во вода преку ноќ.
  • Утредента се фрла водата, се става нова, зоврива, после десет минути, се фрла и таа вода.
  • Се налева врела вода, од страна, да не се отворат зрната, над гравот неколку прсти да биде нивото на вода, и веднаш на рингла.
  • Претходно се сецкаат ситно кромидот и пиперките. Се додаваат и сувите пиперки ако имате, цели или на парчиња. Се додаваат претходно подготвени колбаси, сланина или ќофтиња за побогат вкус.
  • Се додава запршка од две лажички црвен пипер, масло и малку брашно. Се размешува, се чека да зоврие убаво, се намалува температурата, гравот се покрива со капак и се остава да вари на ниска температура.
  • Гравот потоа не треба да се меша. Густината за водата се проверува кратко со спуштена лажица и доколку е потребно може да се додаде вода (најдобро е ако водата што ја додаваме е жешка), но треба да се додава внимателно, малку по малку.
  • Кога гравот е добро сварен, а тоа се гледа по врвот на гравот, поинаку врие, згустен е и има меурчиња, тогаш значи дека процедурата е при крај. Се додава сол, се меша кратко и се остава да се вари уште 5 минути.
  • На крај се додава уште буковец во самиот сад или во чинијата кога гравчето е веќе сервирано. Вкупното време на варење е 1.5 до 2 часа.
  • Доколу сакате да подготвите тавче-гравче, претурете го гравот во тава и печете додека не фати кора и не зарумени. Претходно внимавајте да не оставите ниту премногу ниту премалку вода над гравот со цел да може навреме да испари. На здравје мерак! Не заборавајте шопска салата!